• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Свет

Македонската Дијаспора со светски проглас бара неменливост на името Македонија и целосна заштита на Македонските национални интереси

декември 23rd, 2020 Свет коментари 1635
Македонската Дијаспора со светски проглас бара неменливост на името Македонија и целосна заштита на Македонските национални интереси

До сите Македонски и светски јавни гласила во Европа, Австралија, Северна и јужна Америка претставници на Македонската дијаспора од сите светски мередијани упатија јавна повелба во контекст на актуелните геостратешки и политички процеси поврзани со Република Македонија.

Оваа повелба е една од двете кои што беа усвоени на конференцијата во градот Ејџекс во близина на Торонто, Канада на која учество зедоа поголем број на активни и репрезентативни Македонски организации ширум светот. Првата повелба се однесува на нелегитимното, против уставно и спротивна на народната волја -промена на Уставот и штетните меѓународни договори со кои се смени името на државата и идентитетот на македонскиот народ и се врши раздавање на Македонската историја

Текстот на оваа повелба го пренесуваме во целост во продолжение:

ПОВЕЛБА

Торонто, Декември 20, 2020

ТРГНУВАЈЌИ ОД ТОА ДЕКА НИЕ, денешните Македонци сме горди потомци и наследници на славните древни Македонци;

ПОТСЕТУВАЈЌИ ДЕКА Македонците од целот свет се гордеат на своето исконско етничко име – Македонци и тоа е единственото име со кое сакаат да бидат именувани;

СВЕСНИ ДЕКА Македонскиот народ и држава имаат само едно име, Македонци, односно Македонија со уставната категорија Република;

ЗАБЕЛЕЖУВАЈЌИ ДЕКА никој, вклучително и Владата на Република Македонија, никогаш немал легитимно ниту морално право да преговара за менување на македонското име или да разговара со некого околу некакви наводни „разлики“ околу името на Македонскиот народ и држава;

ПОЧИТУВАЈЌИ го природното право на секој народ и држава да си го избира своето народносно, национално и државно име;

ПОДДРЖУВАЈЌИ ја определбата на македонскиот народ да не прифаќа никакви измени, додавки или придавки на името Македонија/Македонци, кое беше потврдено на првиот Референдум на 8 септември 1991 година, а Собранието на Република Македонија со Декларација од 17 септември истата година ја потврди народната волја, што потоа се изрази и со Уставот на Република Македонија донесен на 17 ноември 1991 година; и неуспешниот Референдум за 30 септември 2018 година кога мнозинството Македонци одбија да учествуваат во самоуништувањето;

ПОТСЕТУВАЈЌИ ДЕКА Македонците постојано изразуваат загриженост и одбивност кон сите обиди за однародување, обесправување и претопување на Македонците кои живеат на својата етно-историска територија, како и во други држави;

СВЕСНИ ДЕКА обидот на Грција да го проблематизира името на Република Македонија беше обид да се тргне нашето и светското внимание од етничкиот и културен геноцид кој Грција го спроведуваше и сеуште го спроведува во егејскиот дел од Македонија врз тамошните домородни Македонци уште од окупацијата на овој дел во 1912 година;

ЗНАЕЈЌИ ДЕКА ни еден поединец, држава или меѓународна организација нема право да наметнува промена на името на еден народ или држава;

УБЕДЕНИ ДЕКА присилното менување на Уставот на Република Македонија и исфрлањето на АСНОМ-ските решенија со цел менување на државното име, како и следователните договори (Преспанскиот договор помеѓу Димитров и Коѕијас, и договорот за Добрососедство со Бугарија) и спроведувањето на Тиранската платформа се крајно штетни за македонската држава и народ;

СВЕСНИ ДЕКА сите домашни или меѓународни договори кои во себе содржат недозволени предмети и се спротивни на јавниот морал, се потпишани со измама, како и тие кои се потпишани под присила и подреденост, можат секогаш да се раскинат со еднострана нота;

ГОРДИ НА ТОА ШТО сите етнички Македонци од светот, без разлика дали живеат во Република Македонија или во другите делови од етно-историска Македонија, пошироко на Балканот, или пак раселени ширум светот, без разлика на нивнта верска припадност или државјанство, се нераскинлив и составен дел од македонскиот народ и својата татковина Република Македонија, и според тоа имаат целосно право слободно да го искажат своето мнение за теми од семакедонски карактер;

ЗАТОА НИЕ, Управата на Организацијата Обединети Македонци во Канада, заедно со сите наши членови, во својство на национален претставник на македонската заедница во Канада, како и Управите на македонските црковни општини, го усвојуваме и обнародуваме следниов

ПРОГЛАС

за неменливост на името Македонија, односно Република Македонија и целосно заштитување на македонските национални интереси при изнаоѓање македонски пат кон иднината

1. Даваме целосна поддршка на македонскиот народ преу протести да го искаже своето несогласување со велепредавничката политика на „Владата“ на СДС предводена од Зоран Заев и ги охрабруваме уште помасовно да се воздигнат со цел рушење на режимот;

2. Ги охрабруваме сите собраниски македонски партии да ги искористат сите собраниски алатки, како и вонсобраниски партии да ги користат вонсобраниските алатки, со цел рушење на режимот со кој ние целосно имаме раскинато секави врски;

3. Целта треба да биде воспоставување привремена Влада за национален спас која во најскоро можно време ќе организира слободни избори;

4. Привремената Влада за национален спас мора веднаш да ги ослоободи сите политички затвореници во Република Македонија, вклучително сите Уставобранители;

5. Идната Влада на Република Македонија веднаш, безусловно и неотповикливо да ги извести Организацијата Обединети Нации дека државата ќе го продолжи своето членство во ООН и во сите други меѓународни организации исклучиво под своето историско име Македонија, со уставната одредница Република и дека повеќе нема да прифаќа привремени, понижувачки и наметнати имиња;

6. Идната Влада и Собранието на Република Македонија да ја потврди важноста на Декларацијата/Одлуката од 3 јули 1992 година и со нова Одлука да се обврзе сегашната и секоја идна Влада да не смее во никој случај да разговара за менување на името или да разговара за разлики околу името со ниедна друга држава или меѓународна организација;

7. Идната Влада и Собрание на Република Македонија еднострано да ги раскине сите штетни договори со испраќање нота до ООН и вклучените држави;

8. Под итно идната Влада на Република Македонија треба да отпочне сеопфатна и добро смислена дипломатска офанзива за целосно свртување на светското јавно мнение на наша страна со вклучување на услугите на некоја светски позната фирма за насочување на јавното мнение во полза на македонската вистина. Да се искористат стручните услуги на врвни стручни лица, вклучително и бројните врвни македонски стручњаци ширум светот;

9. Да се искористи и вклучи во народното дело потенцијалот на македонското иселеништво за лобирање во своите средини;

10. Овој Проглас се доставува до „Претседателот“, „Владата“ и „Собранието“ на Република Македонија, државните установи, политичките партии, јавните гласила, Македонците ширум светот и до меѓународната заедница.


Потписници:

1. За Организацијата Обединети Македонци во Канада и македонскиот православен манастир Св. Илија – Драги Стојковски, претседател;

2. За Македонското меѓународно движење за човекови права – Бил Николов, претседател;

3. За Македонското движење за човекови права од Њу Јорк и Њу Џерси – Драган Славковски, претседател;

4. За Леринското околиско здружение – Грегори Цанев, претседател;

5. За МПЦ Св. Климент Охридски, Торонто – Владе Димитровски, претседател;

6. За МПЦ Св. Илија, Мисисага – Ацо Крстевски, претседател;

7. За МПЦ Св. Димитрија Солунски, Маркам – Бале Гајтановски, претседател;

8. За Св. Недела, Ејџакс – Славе Бунтевски, претседател;

9. За МПЦ Св. Никола, Скарборо – Митко Ѓурчевски, потпретседател;

10. За МПЦ Св. Наум, Хамилтон – Кочо Стериовски, претседател;

11. За МПЦ Св. Богородица, Кембриџ – Петре Медичков, претседател;

12. За МПЦ Св. Никола, Виндзор – Менде Талевски, претседател;

13. За МПЦ Св. Кирил и Методиј, Сидер Гроув, Џу Џерси – Пецо Димовски, претседател;

14. За МПЦ Св. Никола, Тотова, Њу Џерси – Иван Марковски, претседател;

15. За МПЦ Св. Климент Охридски, Колеџ Поинт, Њу Јорк – Пецо Милевски, претседател.

Торонто, Декември 20, 2020

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово со достојна почит ќе го одбележи денот на погибијата на Даме Груев, Сандо Китанов, Георги Карчов и Георги Поп Стојанов
Следна објава Повелба за неменување на името Македонска православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) како црква на македонскиот народ упатена од страна на Македонската дијаспора ширум светот
Може да Ве интересира:
Протестите на индијските фармери во Индија ескалираа во улично насилство (Предупредување: Графичка содржина)
Свет

Протестите на индијските фармери во Индија ескалираа во улично насилство (Предупредување: Графичка содржина)

јануари 26th, 2021 102
Поетесата Аманда Горман зборуваше за новите времиња за Америка на инаугурацијата на Џо Бајден
Свет

Поетесата Аманда Горман зборуваше за новите времиња за Америка на инаугурацијата на Џо Бајден

јануари 22nd, 2021 95
Во 1950 година кралот на рок енд ролот беше јавно вакциниран пред камери со што помогна да се искорени полиото
Свет

Во 1950 година кралот на рок енд ролот беше јавно вакциниран пред камери со што помогна да се искорени полиото

јануари 13th, 2021 127
Амбасадорката Кејт Мари Брнз со своја реакција за упадот во Капитол салата во Вашингтон
Свет

Амбасадорката Кејт Мари Брнз со своја реакција за упадот во Капитол салата во Вашингтон

јануари 8th, 2021 159
Повелба за неменување на името Македонска православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) како црква на македонскиот народ упатена од страна на Македонската дијаспора ширум светот
Свет

Повелба за неменување на името Македонска православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) како црква на македонскиот народ упатена од страна на Македонската дијаспора ширум светот

декември 23rd, 2020 587
Соопштение на Координативното тело на Македонците во светот: АПЕЛ за обединување на Македонците
Свет

Соопштение на Координативното тело на Македонците во светот: АПЕЛ за обединување на Македонците

декември 2nd, 2020 356
Во тек е донаторска акција за помош на семејствата на уставобранителите од страна на Македонската дијаспора
Свет

Во тек е донаторска акција за помош на семејствата на уставобранителите од страна на Македонската дијаспора

декември 1st, 2020 223
Итен прекин на преговорите со Бугарија бараат Македонците од целата дијаспора
Свет

Итен прекин на преговорите со Бугарија бараат Македонците од целата дијаспора

ноември 12th, 2020 805
Поддржувачи на Трамп избодени во Вашингтон
Свет

Поддржувачи на Трамп избодени во Вашингтон

ноември 5th, 2020 224
Facebook Comments
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

2157
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

514
Најнови објави
Јан 27th 11:59 PM
Твитеризам

Лаже-Суши

Јан 27th 11:03 PM
Политика

Мила Царовска предлага учебниците да заминат во историјата. Ако продолжи со оваа реформа ќе и се случи револуција

Јан 27th 10:09 PM
Политика

Шеќеринска меѓу редови призна дека погрешила. Време е да си поднесе оставка како што е пракса во демократските земји

Јан 27th 9:48 PM
Став

Сашо Тасевски остро кон Мила Царовска

Јан 27th 9:36 PM
Испињач

Златко Ориѓански го пречека својот прв гостин во Тирана

Јан 27th 9:32 PM
Политика

Николоски: Политичкиот договор околу пописот создава нереални бројки и може да ја однесе цела држава во погрешен правец

Јан 27th 9:03 PM
Политика

Сашо Ордановски прв јавно проговори за федерализација на државата. Започна финалната фаза за разнебитување на Македонија

Јан 27th 8:56 PM
Политика

Мицкоски: Заев менува членови на историската комисија со цел за притисок врз останатите членови за да попуштат пред лагите за Македонскиот идентитет

Јан 27th 1:11 PM
Регион

Нови вработувања во администрација во време на рецесијa во Кочани

Јан 27th 8:09 AM
Испињач

Најубаво да си викнат полиција

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Шести ден молк од Шеќеринска и Пендаровски за скандалот со враќање на воените претставници на Македонија од НАТО
Став

Шести ден молк од Шеќеринска и Пендаровски за скандалот со враќање на воените претставници на Македонија од НАТО

Јан 22nd, 2021 552
Ковачки: Шеќеринска и Пендаровски да кажат пред јавноста дали некој им подметнал или не им подметнал кандидат за воен претставник во НАТО
Политика

Ковачки: Шеќеринска и Пендаровски да кажат пред јавноста дали некој им подметнал или не им подметнал кандидат за воен претставник во НАТО

Јан 25th, 2021506
Најубаво да си викнат полиција
Испињач

Најубаво да си викнат полиција

Јан 27th, 2021488
Царовска со 7 години стаж (од кои 4 како владин функционер) ќе прави образовни реформи во државата
Твитеризам

Царовска со 7 години стаж (од кои 4 како владин функционер) ќе прави образовни реформи во државата

Јан 26th, 2021347
Актерот Сашо Тасевски повика за поддршка на Христијан Мицкоски против лажираниот попис по желба на СДС-пазарџик и ДУИ
Став

Актерот Сашо Тасевски повика за поддршка на Христијан Мицкоски против лажираниот попис по желба на СДС-пазарџик и ДУИ

Јан 26th, 2021321
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
24-7-748x1024
31-12-2017-1514717759
floor jansen 53
dan stevens 07
Наклонети ѕвезди
received 591357491359444
glamour 038
Kelly Brook 23
12-11-2015-1447337366
burning man fest 104
Кафе уметност 03
15-10-2015-1444898256
burning man 2017 18
28-09-2018-1538200427
burning man fest 053
detski ludorii 012
Dog faces 015
Jason Statham 01
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.