Со концертот на класична музика, кој е дел од проектот “Летна култура за Берово” , каде Општина Берово и Домот на култура “Димитар Беровски“ го реализираа во соработка со Министерството за култура на РМ, во музејот на град Берово се претставија членовите на Македонски брас квартет.
„Ваквите настани во иднина планираме да ги зголемиме и во бројност и во разновидност на уметностите кои ќе се презентираат. Берово отсекогаш важел за град кој има традиција на голем број разни културни настани, фестивали и традиции и ќе продолжиме тој дух само да го надградуваме со организација на вакви и слични настани од различен уметнички карактер“ – изјави Градоначалникот на општина Берово г-дин Звонко Пекевски.
Квартетот кој го сочинуваат Стојанче Kосовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна и Владан Дробицки –тронбон, понуди една исклучителна концертна вечер со богата програма од познати дела од класичната литература.
На програмата се најдоа дела на: Кларк, Хендел, Џузепе Верди, Равел, Корсаков, Моцарт, Џоплин и други композитори.
Извор: Општина Берово