БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонски парлемент: Интензивирање на соработката со Хрватска преку Групите за пријателство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Хрватска оствари средба со Гордан Јандроковиќ, претседател на хрватскиот Сабор, заедно со хрватска делегација, во придружба на хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ.

Претседателката на Групата, Благица Ласовска, го нагласи искреното пријателство на нашата земја со Хрватска, без отворени прашања и добро партнерство во НАТО алијансата.

Таа ги запозна гостите со предизвиците на патот кон ЕУ, пат кој е трнлив, но по кој ќе продолжиме да одиме. Реформите и посветеноста кон Берлинскиот процест продолжуваат, како и градењето добрососедски односи со Бугарија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Хрватскиот парламентарен претседател Јандроковиќ изрази задоволство од посетата на нашата земја, многубројните средби и обраќањето во македонскиот законодавен дом. Ја потврди хрватската поддршка во сите области, особено за зачленување во Европската Унија во насока на добробит на граѓаните. Хрватите кои живеаат тука, се задоволни и лојални граѓани на нашата земја, а горди на своите корени, додека македонската заедница во Хрватска има статус на национално малцинство со истакната улога во општеството.

Присутните беа едногласни дека меѓународното право треба да остане над сè, а парламентарната соработка да се издигне на повисоко ниво преку Групите за пријателство. Простор за интензивирање на односите меѓу двете земји постои на полето на образованието, здравството, културата, спортот, бизнисот, економијата, трговијата, туризмот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace