БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонскиот Национален Совет организира семакедонска средба на сите Македонски друштва, асоцијации и црковни општини во Швајцарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

МНС организира голем СОСТАНОК СО СИТЕ ДРУШТВА, асоцијации и црковни општини во Швајцарија, на 4 мај во Тринген.

Гости на состанокот ќе бидат новиот директор на Агенцијата за иселеништво на Македонија, Горан Ангелов и Билјана Костова, раководител на сектор за одржување и унапрeдување на врските со иселениците.

На состанокот се поканети околу 30 друштва и најголем дел од нив веќе го потврдија своето присуство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅Листа на поканети друштва:

1. МПЦО “Св. Наум Охридски“ Тринген

2. МПЦО “Собор на сите македонски светители“ Лозана

3. МПЦО “Пресвета Богородица“ Локарно

4. МДД “Пирок“ Рененс-Рена

5. МДД “Македонија“ Ешален

6. Асоцијација на македонски училишта во Швајцарија

7. Македонско друштво “Александар Македонски“ Ивердон

8. Македонско училиште “Никола Карев“ Сурсе

9. Фудбалски клуб “Македонија“ Локарно

10. Фудбалски клуб “Македонија“ Берн

11. Македонско друштво “Св. Кирил и Методиј“ Баар

12. “Македонска Диаспора“ Лозана

13. Македонска селска асоцијација “Мокрино – 2000“ Ешален

14. Организација на жени Македонки во Швајцарија, Берн

15. Македонско друштво “МАК – МЕЛ“ Бургдорф

16. Македонско друштво “Пианец“ Појду

17. Македонско друштво “Извор“ Муртен

18. “Смоларско друштво“ Билтен

19. Мото клуб “Мак – Лок“ Локарно

20. Културно уметничко друштво “Св. Наум Охридски“ Тринген

21. Хуманитарна организација “Св. Лидија Македонка“ Тринген

22. Македонско друштво “Илинден“ Мелинген

23. Фудбалски клуб “Иберико Македонија“ Биел

24. Мото клуб “Лавови“ Берн

25. Спортско друштво “Изгрев“ Виндиш

26. Здружение “Изведен Ораовица“

27. “Дијаспора Илинден Радово“ Фрибург

28. Асоцијација “Рефрама“

29. Граѓанска асоцијација “За Кочани“

30. Здружение “Готен Јаргулица“

31. Македонско културно друштво “Македонија“ Аарберг

32. Културно уметничко друштво “Македонија“ Лозана

33. Асоцијација “Габрово“

Поканети се и наставничките по дополнителна настава на македонски јазик: Билјана Николова, Ана Тимовска Митрева, Маја Ристеска, Ирена Годева.

Листата не е конечна, бидејќи има друштва со кои досега не успеавме да стапиме во контакт. Доколку сте претставник на раководството од некое друштво или асоцијација, а немате добиено покана за состанокот, ве молиме да не контактирате.

Состанокот ќе се одржи на 4 мај со почеток во 13:30 часот, во конференциска сала на адреса:

📍Kirchgasse 8

6234 Triengen

Делегација на МНС заедно со гостите од Агенцијата за иселеништво ќе присуствуваат на утринската литургија во црквата “Св. Наум Охридски“ во Тринген.

Пријавете го вашето присуство на состанокот, за да можеме да се организирамен на најдобар начин.

Ве очекуваме на 4 мај во Тринген.

Од раководството на Македонски Национален Совет, Швајцарија . 🇲🇰🇨🇭

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace