БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на ставањето во употреба на новите 100 транспортни возила за потребите на вработените во Македонски пошти.

“Денеска присуствував на промоција на 100 нови возила за потребите на АД „Пошта”.

Владата преку Министерството за транспорт реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на Македонска пошта. Ова не е случајна одлука. Ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со новите возила, Пошта ќе може побрзо, поефикасно и посигурно да ги доставува услугите до секој граѓанин, до секое населено место, до секоја компанија. Ќе се намалат трошоците за одржување, ќе се зголеми продуктивноста, а услугата ќе стане поквалитетна.

Предвидуваме подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за најмалку 15 проценти. Истовремено, работиме на подобрување на индикаторите за профитабилност, исто така за околу 15 проценти. Тоа значи подобро управување, подобра организација и подобри резултати.

Македонска пошта мора повторно да стане сервис на кој граѓаните ќе му веруваат. Институција која ќе биде партнер на бизнисите. Систем кој ќе може да одговори на современите предизвици, особено во времето на дигиталната трансформација и раст на електронската трговија.

Ние не ветуваме лесен пат. Но ветуваме работа, посветеност и резултати. Затоа што доаѓа времето кога институциите ќе работат за граѓаните.

Доаѓа времето кога државата ќе испорачува!”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со овој настан кој е од важност за цела држава.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace