БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Манасиевски: Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари платa? – Синдикалците на батерии се прочитани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од партиското седиште Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ ја алармира јавноста за гласноговорниците во врвот на Сојузот на Синдикати на Македонија за нивното лицемерие кое го манифестираат во јавност.

“Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари платa? – Синдикалците на батерии се прочитани.

Според информациите, кои до нас ги доставија свиркачи од ССМ, на кои им е преку глава од злоупотребите на Трендафилов и Пешевски, овие двајца дебело профитираат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имено, според информациите кои ги добивме, платата на Пешевски, кој деновиве глуми загрижен синдикалец е 3 пати поголема од минималната.

Додека ги лаже работниците со минималец, Иван Пешевски, за 4 месеци заработува што тие за цела година.

Но тука не застанува лицемерието на Иван Пешевски, тој во 2024 и првите два месеци од 2025 година остварил и приходи по други основи со договори на дело и заедно со плата инкасирал 1.3 милиони денари. 

Преведено во минимални плати, Иван Пешевски кој ии лаже работниците за минималец лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може нити за 4 години.

Демаскирани се синдикалците на батерии Слободан Трендафилов и Иван Пешевски. Нивните игри се прочитани и никој не им верува.”

-рече денеска од партиската говорница во палатата Христо Татарчев Валентин Манесиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace