Нема зборови кои би го опишале владеењето на СДСМ. Некои би го нарекле насилен режим, некои би го нарекле тиранија, некои би го нарекле силување на волјата на мнозинството, но, само слепите поддржувачи на СДС го нарекуваат “НА ПРАВ ПАТ”.
Ја испокрадоа државата, го променија името, ја сотреа демократијата во државата, го проширија криминалот во секој домен на општеството.Почнувајќи од РЕКЕТ, па до РЕКЕТ 2, доколку се продолжи со откривање на вистината којзнае до кој број на РЕКЕТ ќе стигнеме.
Младите и понатаму ја напуштаат државата со карти во еден правец, а доколку не дојде до некаква промена на нештата, и на уличните кучиња и мачки ако им дадеме пасош би избегале од државава.Наспроти отворањето нови работни места, сведоци сме како и постоечките компании ставаат клуч на вратите и бегаат заедно некаде во странство, со цел подобри услови за живеење.
И кога во кампањата што ќе следи ќе слушнете некој владин функционер како ветува подобри услови за живот, 500 евра просечна плата, враќање на 600.000 граѓани, работа за секој млад тука, сетете се на изјавата: АЈДЕ МАЈКАТА! А потоа променете го каналот кој го емитува тоа.
Од друга страна, колку побрзо СДС им ја каже вистината на своите верни членови и симпатизери дека на изборите ги чека убедлив пораз, толку подобро ќе бидат прифатени изборните резултати од нив. Затоа што, ниту на референдумот некој ги поддржа, ниту кога се носеше Законот за промена на името во Парламентот, ниту потпишувањето на Договорот од Преспа, ниту некој ќе им прости што постојано го споменуваат поимот Северна во јавноста.Тоа што не добивме датум за почнување преговори со ЕУ, на СДС му запиша политичка пензија, но на македонските граѓани ни удри силна шлаканица, затоа шро поради владините скандали, изнудување мито и присила, правење корупција почнувајќи од највисоките врвови на институциите па се до обичните чиновници, на крајот ние граѓаните го добивме најлошото- осиромашени, продадени, предадени, со залудно потрошено време.
Сепак, СДС постојано потенцира колку опозицијата е неконструктивна во носењето битни одлуки за државата. Како за пример, опозицијата и покрај сиот политички прогон, остана да се бори внатре во Парламентот.Опозицијата не излезе од Парламентот за да седи во шатори пред Влада и Собрание ,да зема пратеничка плата дур ги фарба институциите со боја.Опозицијата не излезе на улица за да ја пали канцеларијата на Претседателот на државата, без разлика за неговите постапки.Всушност, вака поставени работите, опозицијата во овие 3 години остана најконструктивниот претставник на народот и најсилниот столб на граѓаните во Македонија.СДСМ треба да се спремат за опозиција, фер ќе биде ако тоа што сега го бараат за конструктивност, после 12 Април истото да го испорачаат тие. Затоа што се работи за Македонија, за нејзините граѓани и за идните генерации кои тука ќе живеат.Да ја направиме Македонија подобро место за живеење!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!
Пишува: Мартин Ристевски
Дипломиран политолог на Правниот факултет во Скопје
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти