БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Масовен” одзив на акцијата “рамо до рамо” во Делчево. Заменик министерката за правда пречекана од 20-тина локални функционери на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

20 граѓани ја пречекаа заменик Министерката за правда Викторија Мадиќ во рамки на акцијата “рамо до рамо” на СДСМ во Делчево. Од граѓаните кои што можат да се забележат на објавените фотографии може да се видат лица на советници на СДСМ во општинскиот совет, раководители, директори, секретарот на општина Делчево, неколкумина вработени во јавниот сектор во изминатите неколку години од страна на властите на СДСМ….

КАДЕ Е НАРОДОТ?

запрашаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево за ваквиот дебакл СДСМ во Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👉 Функционерите на СДСМ Делчево повторно се ставени во погон. Сега наместо “живот” ветуваат “Рамо до рамо” откако уништија се што можеше да се уништи во државата. Соочени со катастрофално лошиот рејтинг помеѓу граѓаните и мала посетеност на нивните партиски настани, мораат да пополнуваат масовност на фотографиите со кои што повторно сакаат да ја приграбат власта на наредните парламентарни избори.

Бродот на СДСМ е тргнат кон дното а црвените елеци за спасување не можат да ги спасат од сигурно политичко “давање” на наредните парламентарни избори.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Делчево е жариште на белата чума која што поради неспособноста на актуелната власт го зафати целиот Брегалнички регион. Обидите на владеачката СДСМ во Делчево да се задржи на власт со прикажување на лажна масовност на нивните собири се одамна прочитано сценарио од страна на граѓаните на Делчево кои што не се одзиваат на повиците на СДСМ да им се придружат.

Фото извор: ВМРО ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace