Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска на вчерашната собраниска седница која што беше предвидена за пратеничкли прашања како последна во месец февруари, постави неколку прашања до владините претставници.
Првото прашање пратеничката го постави до претседателот на Владата кое гласеше:
На почетокот на 2019 година најавивте дека во првиот квартал годинава ќе имаме нови странски инвестиции, од кои едната е германска и истата требаше да биде објавена до крајот на месец јануари. Дури не пропуштивте да се пофалите дека сте разговарале со советникот од кабинетот на канцеларката Меркел, односно името на германската канцеларка го искористивте за дневно политички поени.
Митовска истакна дека месецот јануари помина, но ние немаме сеуште ништо од најавената германска инвестиција. Исто како што немаме ништо од најавените инвестиции во предизборниот период од Гугл и Фејсбук.
-Странските инвеститори почнаа да ја избегнуваат нашата држава и тоа не се должи на фактот што сеуште не сме членки на Европската унија и НАТО, туку на фактот што во Македонија имаме корумпирана влада, висок степен на корупција, нема владеење на правото и има целосно отсуство на правна држава,
вели Митовска.
Пратеничката праша кога граѓаните ќе ја видат германската инвестиција која што Владата ја најави дека ќе стартува до крајот на јануари 2019 година.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина
Лимани: Приоритет на новиот Национален акциски план е намалувањето на детската сиромаштија и воведување на Европската детска гаранција
Уставниот суд ја продолжува соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје