БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од Прилеп: “Громогласно да кажеме Македонија ќе победи!”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  беше присутен помеѓу граѓаните на градот-херој Прилеп, кој за него е место на комитскиот и партизански непокор и пркос.

Во рамки на својот контакт со граѓаните тој го сподели своето чувство на иронија и лицемерие во врска со денешниот настан на појавување на членовите на Владата на Република Македонија на чело со Зоран Заев пред споменикот на непобедените партизани кој се наоѓа во паркот пред зградата на самата влада.

Горе ги имаме оние кои се бореле за Македонија и својот влог го потврдиле со своите животи, партизаните чие дело и денес се слави, а доле под нив ги имаме оние кои ја разградуваат и уништуваат Македонија, оние кои на дневна основа продаваат и распродаваат, тоа е владата на Зоран Заев. Говореа за некакви промени, а единствените промени во Македонија се оние кој потврдуваат дека се оди кон полошо, говорат за некакво ослободено судство, а единственото што се ослободи е Зоран Заев од случај каде јасно се гледа што прави и што бара, потоа предвидувајќи и диктирајќи пресуди, говореа за инвестиции, а досега една лопота не фрлија, говорат за живот, а она што обичниот човек го чувствува е само чемер и јад.

Притоа Претседателот Мицкоски ги повика причепчани масовно да се придружат на големиот протестен митинг кој ќе се одржи на 2 јуни пред владата за “да го означиме почетокот на нивниот крај”-порача Мицкоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace