БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од Ташмаруништа: Ура! За “Афтономна Македонија”!

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска по повод двата илиндена имаше свое обраќање пред присутните во селото Ташмаруништа.

Од тука Мицкоски повикувајки се на Крушевскиот Манифест кој е своевидно евангелие на Македонското револуционерно дело зборуваше за генезата на Македонската борба за слобода низ историјата до ден денешен.

Осврнувајки се на актулните политичко-општествени состојби во државата Мицкоски рече:

Станавме општество на лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се трули, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни. 

И покрај се, Мицкоски повторно ја афирмираше својата верба кон сопствениот народ како поткрепа за претстојната борба низ тунелот на чиј што крај го гледа светлото.

Целиот говор на Мицкоски од селот Ташмаруништа по повод денешниот празник Илинден погледнете го во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот