Во својот говор пред граѓаните на Кочани Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше за генералниоте лоши состојби во државата предизвикани од лошото владеење на СДСМ и ДУИ.
Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со се. Додека тие од СДСМ им се верни слуги во секој криминал и тендер. И навистина е лицемерно од ДУИ и СДСМ да велат дека носеле храбри одлуки што е храброст да продадеш име, устав, да проблематизираш историја, и повторно да бидеш пред портите на ЕУ. Затоа што и тие од ЕУ знаат дека криминалци владеат со државата, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кочани.
Мицкоски укажа дека од СДСМ и ДУИ се подготвени на се за да ги задржат фотелјите и привилегиите.
„Затоа излезот го бараат во двете сценарија. Првото е тивкиот бојкот за претседателсите избори кој го заговараат. Додека се удираат во гради дека ќе згазеле во вториот круг, всушност тие сакаат да одработуват на тивок бојкот и спласнување на атмосферата на изборите. Второто сценарио е она на Ковачвски кој ја дал најдарежливата понуда до Али Ахмети. Ахмети има добиено бел лист на хартија од Ковачевски на кој само треба да ги напише институциите и министерствата кои сака да ги добие“, кажа Мицкоски.
Мицкоски порача дека излезот од сето ова е масовна излезност на изборите, како и масовна и недвосмилена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ која е единствената сила за промени.
„Таа поддршка ни е потребна и за да нема уцени, ниту притисоци. Да имаме сила за промени, а таа сила можете само вие да ја дадете, народот на Македонија. Во првиот круг тука победата беше убедлива. 8079 гласа на 3900 за поранешнот претседател Пендаровски. Сега поддршката нека биде уште поголема за да може да жолтиот картон од првиот круг да биде црвен. Имаме незавршена работа, која ќе се финализира со огромна победа на 8 мај“, изјави Мицкоски.
Мицкоски се обрати и до неопределените, како и оние кои гласаа за кандидатите кои не се дел од вториот круг.
„Цунамито не огромниот бран на промени е започнат. Приклучете се и бидете дел од оваа генерација која одучува за сопствената иднина. Има надеж и ние заедно ќе се избориме. Сите оние кои пак во првиот круг гласаа за некој од другите опозициски кандидати кои сега се надвор од трката за претседател. Дојдете и поддржете ја единствената и главната сила за промени Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Да не се ситнат промените. Приклучете се таму каде што е огромното мнозинство кое ја носи новата надеж за иднината на државата“, кажа Мицкоски.
Мицкиски на крајот им порача на граѓаните. „Ова не е Македонија што ја сакаш и ја заслужуваш. Овие избори се последна шанса за спас. Ширете ја пораката на промените. Тоа не се промени за освети не се промени за поделби. Тоа се промени во кои надежта го победува стравот. Заедништвото ги победува поделбите“.
Од митингот во Кочани на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” носителот на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица Драган Ковачки во својот говор посвети внимание на односот на Али Ахмети кон Македонската држава и кон Македонците воопшто во неговите настапи пред поддржувачите на ДУИ и пред целокупната јавност.
Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите се за промени на оваа ненародна и корумпирана влада на СДС и ДУИ. Победата е голема. Разликата овде во Кочани на претседателските избори на 24 април беше над 4000 гласови разлика, ајде да ја тродуплираме на 8 мај, и да им порачаме на криминалците од ДУИ и нивните измеќари од СДС дека народот се обединува и со народот нема игра! Но, нема опуштање, работата уште не е завршена, порача вечерва од Кочани Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 во рамки на парламентарните и претседателски избори.
Ковачки повика на обединување, масовна излезност на 8 мај и поддршка за број 2 за ВМРО-ДПМНЕ.
Да се обединиме затоа што ова ни е последна шанса за спас на Македонија. Да се сплотиме и масовно да излеземе на 8 мај, да им го зададеме вториот удар, а веднаш потоа да побараме ОДГОВОРНОСТ. Одговорност за сите катастрофални политики кои ја уназадија Македонија, штетни политики кои ги носеа и со кои ве осиромашија, за сите стратешки грешки со кои ја понижија Македонија и го обесправија македонскиот народ, рече тој и додаде:
Да не им дозволиме нови 4 години за да крадат. Ковачевски му ја даде Македонија на Али Ахмети само за да опстои на власт дозволи Македонија да стане држава на криминал и корупција, Македонија на сиромашни граѓани, Македонија каде економијата е на дното. Ковачевски е само еден обичен полтрон на Али Ахмети, а Стево Пендаровски нем набљудувач. Да не им дозволиме затоа што нивната цел е целосно да ја уништат Македонија, нашата Македонија која ја градиме години наназад и за која се бореле генерации и генерации.
Ковачки потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е во сојуз со народот, а СДС во сојуз со ДУИ и кирминалот.
Ние сме во сојуз со народот, со овој македонски народ кој го крена својот глас против криминалот на СДС и ДУИ. Ние сме во сојуз со земјоделците, со работници, со здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ е сојузник со пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ е сојузник со младите, со просветните работници, со културните работници. За разлика од нас Димитар Ковачевски е во сојуз со Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, и неколкумина од ДУИ кои Македонија ја гледаат како приватен бизнис. Се обезбедија и себе си и следните генерации, додека народот трпи и едвај врзува крај со крај, тие од СДС и ДУИ стануваат сопственици на трговски центри, на милионски фирми. Живеат во хациенди какви што гледаме само по филмовите. ЕПА ДОСТА Е!!!! ДОСТА Е, изјави Ковачки.
Ковачки упати порака на Ахмети, Груби и Лога, нагласувајќи им да се изгубат од третата изборна единица, бидејќи има информации дека тие вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат се со цел да добијат еден пратеник и во третата изборна единица.
Сакам да упатам порака до Али и Груби. Деновиве слушам дека вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат, го прачаат Кренар Лога потчкото од Алијанса во Делчево и Берово се со цел да добијат еден пратеник овде во третата изборна единица. Кренар не си ги валкај рацете. Не ти е таму местото. Повлечи се додека е време, ќе завршиш во затвор, како министер за правда знаеш дека тоа што го правиш е против законски, вели Ковачки.
Ковачки му посочи на Ахмети, дека во третата изборна единица луѓето се тотална спротивност од него, односно дека се работливи, чесни, вредни и достоинствени, како и дека токму тој народ ќе го збриши на 8 мај и ќе го испрати конечно во опозиција после 22 години власт.
Алииии ова не е Мала Речица. Нечесните пари со кои сакаш да ги поткупиш граѓаните задржи ги за себе, ќе треба да ги вратиш после 8 мај. Јас ти ветувам секој денар што го зема ќе мора да го вратиш. Овде во третата изборна единица живеат луѓе сосема спротивни од тебе. Овие луѓе се чесни, достоинствени, работливи, земјоделци, кој чесно заработуваат и кој не можеш да ги купиш со твоите валкани пари, истакна тој и додаде:
Алиии, овде нема место за криминалци како тебе и мешетарот Груби, овде нема трговски центри кои вие сакате да ги земете без ниту еден денар влог, нема овде рекетирање, нема овде бизнис зделки за да профитирате. Затоа да си ги соберете парталите со Груби и да се изгубите од тука. Не си фактор овде, време е после 22 години власт да заминеш во длабока опозиција. Вашите комбинации и валкани дилови завршуваат на 8 мај. Полтрони може да ти бидат само СДС, Ковачевски и Пендаровски, но не и македонскиот народ. ГОТОВ СИ. Народот овде во тројка на 8 мај ќе те збрише и тебе и ДУИ!!!
А овие од СДС кои што се гневни и разбеснати поради поразот им порачувам, не се обидувајте да го заплашувате и уценувате овој народ, не помислувајте затоа што македонскиот народ ни когаш не се плашел. Не ви се плаши, ВМРО-ДПМНЕ е во сојуз со народот, ќе ви покажеме што значи притисок кон македонскиот народ на 8 мај.
Ковачки додаде дека Платформата 1198 во Кочани се обврзува на .
Изградба на Дом за стари лица во Кочани, изградба на Јужен булевар – поврзување на ул „Никола Карев“ од вкрстувањето со железничката пруга во Кочани, изградба на систем за одведување и третман на отпадни фекални и атмосферски води во спортско рекреативен центар Пониква (главна водоводна мрежа во спортско рекреативен центар Пониква и доводен цевковод кај идна акумулација Пониква 1 до резервоарите 1 и 2 за водоснабдување на СРТЦ Пониква), реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“, изградба на катна гаража, изградба на колектор за фекална канализација Виница- Кочани до ПСОВ Мојанци, изградба на главен потисен цевковод дел 3 до препумната станица и изградба на мост на Кочанска река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“.
Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за да може да ја реализираат Платформата 1198.
Ве повикувам на масовна излезност, да подадеме рака на секој еден кој сака да се приклучи на промените. Да разговараме со секој еден и да ја побараме поддршката од него. Да се обединиме под знамето на Македонија, за да си ја вратиме изгубената држава. Да се обединиме сите за бројот 2. Два за жена претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова и двојка за идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече тој.
За Македонија повторно твоја и повторно земја на горди граѓани. За Македонија на младите, за Македонија на земјоделците, пензионерите, работниците, медицинскиот персонал и здравствените работници, за Македонија повторно на наставниците, професорите, културните работници, Македонија повторно твоја за инвестициски бум и инфраструктурни проекти кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите, додаде тој.
Ковачки на крај порача дека на 8 мај треба да се порази најголемото зло на Македонија, Ковачевски и СДС.
Да го срозиме Ковачевски и Али, најголемото зло на Македонија, која изминатите години не потонаа во долгови, криминал, скандали и афери.
НА 8 МАЈ ДА ИМАМ РЕФЕРЕНДУМСКА ИЗЛЕЗНОСТ И ДА ИМ ДАДЕМЕ ЦРВЕНИОТ КАРТОН НА СДС И ДУИ, нагласи Ковачки.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение
Проширена истрагата на уште 13 полициски службеници од СВР Штип за пожарот во дискотеката во Кочани
Започнаа обуките за јакнење на мултисекторските тимови за спречување, заштита и поддршка на жртви од родово и семејно насилство