БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: СДС и Ковачевски за 4 милијарди евра го зголемија јавниот долг

Пренеси го гласот

„Просечниот раст на БДП како резултат на оваа политика која што ја кажува Ковачевски, изминативе шест години од 2017 – 2023 е 1,2%. Или во тотал 10%, кумулативно ако го гледаме целиот период. Просечниот раст во периодот на владите на ВМРО-ДПМНЕ 2007 – 2016 е 3,2% или во тотал 35% кумулативно ако сето тоа го гледаме“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“ на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Ајде да зборуваме за платата бидејќи сте економист, Вашиот претходник ми држеше лекции по економија, еве сега претпоставувам и Вие сакате да држите лекции по економија. Ајде да зборуваме за вистинските параметри, а да не зборуваме номинално колку е зголемена платата, туку да видиме колку таа плата вреди реално кога ќе ја вклучиме инфлацијата“, укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека во 2006-та година минимална пензија е 65 евра, 2016-та година е 137 евра, а 2023-та е 204 евра. Во периодот од 2006-тата до 2016-та година пензијата е зголемена за 110 евра бруто каде што не е вклучена инфлацијата. А, во 2017-та до 2023-та пензијата е качена за 48 евра. И ако се вклучи инфлацијата реалниот пораст на пензиите во периодот 2006 – 2016 е 72 евра, а во 2017 – 2023 е 10 евра. Седум пати е разликата.

„Оваа Влада го зголеми јавниот долг точно за 4 милијарди евра“, нагласи Мицкоски. 


Пренеси го гласот