БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Ван Хауте нека си зборува за државата од кај што доаѓа, нашите Македонски експерти говорат поинаку

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на новинарите беше поставено прашање во врска со состојби од пред 10 и повеќе години кои се рефлектираат до ден денешан во врска со ЕУ перспективите на Македонија и цената која нашата држава ја праќаше/плаќа за остварување на тие стремежи. Во контекст на ваквото прашање новинарот се обиде да ја префрли вината врз актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за лошиот стандард преку тези за нешто што се случувало во минатото иако повеќе од 5 години СДСМ е на власт во државата во која се случува енормна сиромаштија и корупција од невидени размери. Но доследно Мицкоски ја разобличи ваквата намера на овој новинар преку соопштување на реалните аргументи и тези трпеливо одговарајки на сите прашања проткаени со инсинуации.

“Ако ме прашувате мене кога јас би бил премиер и кога би требало да одлучувам дали да го променам уставот и да го сменам идентитетот за да влезам таму каде што вие велите, дека ние требало да влеземе во НАТО и ЕУ, еве ќе ви дадам одговор не немаше тоа да го направам. Затоа што Јас сум доброволец во Армијата, затоа што сум јас човек којшто образува луѓе и којшто си ја сака сопствената држава и сопствениот народ и граѓаните и не сум трговец и не го работам ова за пари, и не го работам ова за нешто повеќе туку го работам затоа што си ја сакам својата земја и својот народ. И еве одговорот уште еднаш е не, немаше тоа да го направам предавство, кој што некој друг го направи. Нема да го предадам Гоце Делчев, нема да ги предадам идеалите на Илинденците за пуста слава, за пуста фотелја и за пусти пари. Тоа нема да го направам, па макар цената билаа таа, туку подготвен сум да разговарам за иднината, за иднина на вештачка интелигенција, на добра економија, на здрава животна средина, на вистинска дипломатија, не дипломатија со домати итн”

-соопшти Мицкоски во однос на вака поставеното прашање .

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Се срамам понакогаш навистина што морам да одговарам на прашања за туѓи неуспеси. Затоа велиме ајде да идеме на предвремени избори, да излеземе па да покажам јас доколку ја добијам можноста и честа да ја водам владата, дали ќе биде подобро и дали ќе има повисоки плати. Се надевам дека и вие тогаш ќе ја поддржите програмата која што ќе ја понудам, за ваша повисока плата за повисока плата на вашето семејство и за нормално подобра иднина на децата ваши “

-истакна мицкоски во врска со празните пропагандистички тези со кои власта се обидува да ја префрли одговорноста за сопствените неуспеси врз него лично и врз актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали Македонија има заедничка историја со Бугарија, Мицкоски соопшти:

“Да, но како различен народ! Како Македонци и Бугари да имаме заедничка историја, како различен народ… Тоа кога ќе го признаат можеме да седнеме да разговараме. Како различен народ.”

На прашањето како ќе ги коментира наводите од одредени експерти поспецифично од изјавите на Ван Хојте дека со една изборна единица повеќето пратеници ќе бидат од Скопје Мицкоски одговори со контра прашање како тоа го знае новинарот дека повеќето пратеници ќе бидат од Скопје.

На инсистирањето кои се тие експерти кои тоа го изјавиле и на одговор дека станува збор за Ван Хојте, Мицкоски рече дека:

“Ван Хојте може да зборува за државата од која што доаѓа. Нашите Македонски експерти не велат така, а ги има многу. Ван Хојте нека си зборува за таму од каде што доаѓа.”

Целата прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и одговорите на останатите новинарски прашања може да ги погледнете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace