Пратеникот Миле Лефков денеска од конститутивната седница на Собранието на Република Македонија во јавноста упати своја порака која ги отсликува неговите и определбите на ВМРО-ДПМНЕ за работа во наредниот период.
“Секој пратеник треба да има на ум дека е избран од граѓаните а не од политичките елити. Она што, го имаме како цел е да покажеме на граѓаните дека може поинаку!
Силна контрола на бројните овластувања на извршната власт, особено во делот на носење на закони кои регулираат две области.
1.Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата која е метастазирана на највисоко ниво и што е потврдено со релевантни извештаи на меѓународни институции, и
2. Закони кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните со оглед на загрижувачки лошата состојба во економијата.
-напиша Миле Лефков на фејсбук.