Пратеникот Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Во Македонското Собрание во петок (03.02.2023 година) беше во посета на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
На средбата со членовите на највисокото работно тело на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево се зборувало за повеќе актуелни политички теми првенствено за потребата од одржување на предвремени парламентарни избори поради лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните не само на Делчево туку во целиот источен регион.
“Имавме многу продуктивен состанок. Овде на луѓето во Делчево им е смачено веќе да живеат со ваква ненародна власт. Смачено им е и од локалната смачено им е и од централната власт. Верувајте сите апели се за предвремени парламентарни избори, се надевам дека што поскоро ќе дојде денот кога луѓето конечно ќе се прашаат и ќе можат да кажат не за оваа ненародна власт “,
-рече пратеникот Миле Лефков.
Потоа тој во својата изјава се осврна за понижувањето кое што оваа власт му го приреди на народот со целостата полициска блокада на светилиштето и гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Целата изјава може да ја погледнете во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани