БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мимоза Рајл: Зошто Никола Тесла во уметноста?

Пренеси го гласот

Сакале ние или не, во последните децении па се до денес влеговме во еден специфичен жанр- т.н. “епска фантазија” или во времето на Стимпанкот (ang. Steampunk). Интересен е фактот дека авторот Толкин со своето дело “Господар на прстените” стана писател на второто место во најпродаваните дела на сите времиња!!!

Стимпанкот е модерен потжанр на научната фантастика којшто ни донесе една алтернативна историја, готски футуризам и езотеризам. Сé се случува во имагинарното минато, времето на почетокот на индустриската револуција, а главното дејство е сместено во иднината- обоена со трагедијата, во мрачните бои на технолошкиот развој и дефинитивното губење на индивидуата.

Поклоник на овој жанр е токму тој – Никола Тесла. Овој супериорен ум, романтик, “вампиролик” несфатен се до ден денешен гениј, хуманист, промотор и апологета на езотеријата, осаменик или векови пред своето опкружување е токму идејата за стимпанкот. Ако сакаме музички да го обоиме овој жанр на нашата плеј листа ќе се најдат сите поголеми хитови на Дејвид Боуви.

Токму затоа и со брзина на светлината можеме да ги изгледаме филмовите како: “ Имагинариум на доктор Парнасус”, “Златниот Компас”, “Интервју со Ѓаволот”, “Исклучителниот Џентлмен” итн…

Овој жанр на голема врата влегува и во книжевноста. Тој станува еден нов движечки феномен со својата автентична митологија и естетика, присутен речиси во сите уметнички изрази.

Врајќајки нé во минатото но сега облечен во ново ултра-модерно руво, стимпанкот стои пред нас како една вечна, помалку застрашувачка, но прекрасна и бесмртна можност.

Денес ние живееме во времето на хтонското, модерниот надреализам, (дали заради невозможноста да продолжиме со трагичниот начин на живеење), копнееме по трансцеденталното, по нашата друга димензија за која ни раскажуваше Маркузе, одиме кон волшепствата и имагинарното.

bregalnickimarketing

Да, денес живеењето токму во таа интегибилна стварност е поприсутно од кога и да е. Дали ние на овој начин се приближуваме до идеалот, божественото, останува времето да не демантира или пак да не охрабри да запливаме во подлабоките води на нашата духовност.

-фејсбук коментар на Мимоза Рајл

Креирано од:


Пренеси го гласот