“МЕЏИТИ ГО ПРЕТВОРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВЕТВО ВО ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА -ДОДЕКА СЕ ЗАТВОРААТ ЦЕЛИ ОДДЕЛИ ПО БОЛНИЦИТЕ И НЕМА ЛЕКОВИ ТОЈ ВРАБОТУВА И УНАПРЕДУВА ПАРТИСКИ КАДРИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО
Министерот Меџити веројатно го погрешил ресорот па наместо да се занимава со основната дејност на ресорот – здравството, очигледно се однесува како министер за надворешни работи, а Министерството кое го предводи го претворил на туристичка агенција.
![]()
Меџити кој повеќе шета низ светот, а многу помалку е посветен на решавање на проблемите на пациентите воопшто не покажа основна грижа за затворањето цели оддели по болници и што персоналот го напушта јавното здравство, а континуирано до нас пристигнуваат информации за неправилности и мобинг по ЈЗУ.
Меџити не го интересираат проблемите на дијабетичарите, не даде одговори ниту за забелешките од Извештајот на ЕК, не даде отчет ни за copy-paste буџетот кој покажува основна негрижа за пациентите и за инфраструктурата.
За Меџити мисловна именка е инвестиција во кадар на среден и долг рок, како и капитална инвестиција во здравството
Но, затоа додека министерската позиција ја подразбира како шетање низ светот имаме затворање оддели во болници и имаме четврт министер за здравство кој со прст не мрдна да го зајакне кадарот низ болниците во државата, истиот тој Меџити распишува огласи во самото Министерство за административен кадар и разни советници и соработници во најголем дел партиски кадри на Меџити од албанска националност.
Оттука прашуваме:
На колку патувања досега бил Меџити и со колку членови во делегацијата?
Колку средства се потрошени за неговите патувања заедно со делегациите ?
Што конкретно договорил Меџити и што конкретно преземал за едукација на кадри во рамки на тие патувања, ако се земе во предвид дека соопштенијата негови содржат само празни ЌЕ флоскули?
Дали Меџити е информиран дека додека шета низ светот на КАРИЛ недостасуваат следните лекови:
Heavy Bupivacaine
Esmocard
Dexmetomidine
Dormicum
Ultiva ( remifentanil ) а имало периоди кога нема основно Atropin
Што се случи со тематската седница на Влада на која требаше Меџити да иницира вработувања по болниците и тоа да биде приоритет и зошто не се обезбедуваат средства за медицински кадар од надлежните институции согласно потребите?
Одговорите се добро познати, а она што е повеќе од јасно е дека во оваа влада еден од најосетливите ресори-здравството е позициониран на маргините, а штетата од ваквите политики ќе биде на долг рок.”
-рекација упатена преку социјалните мрежи на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција