Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија предводено од Министерката Весна Јаневска денеска ја информира јавноста за постигнатиот успех во напорите да воведе едносменско работење во над 150 училиште во државата.
Ваквата пракса овозможува евидентни заштеди за буџетот на училиштата и Министерството што дополнително пак овозможува обезбедување на повеќе пари за реализација на реформи и проекти од интерес за унапредување на образованието за учениците.
“150тина училишта во државата веќе воведоа едносменско работење, а од денес меѓу нив е и ОУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во општина Ѓорче Петров, каде бевме во посета заедно со градоначалникот Александар Стојкоски.
Со едносменската настава ги задржуваме децата подолго на училиште имајќи предвид дека имаат 900 часови помалку од европските врсници до 15 годишна возраст и тие повеќе се социјализираат и почитуваат меѓусебно, ги намалуваме тековните трошоци за работа на училишните објекти и го решаваме предизвикот со наставниците кои немаат доволен фонд на часови.
Според проценките кои ги направиме заедно со УНИЦЕФ и Светска банка за целосна оптимизација на училишната мрежа што ќе значи и воведување на едносменско работење во сите основни училишта во државата, потребно е да се доградат 300 училници и 70 санитарни јазли, за што, треба да се инвестираат околу 8 милиони евра.
Потребно е време и средства. Ќе бидеме истрајни и во соработка со локалните самоуправи ќе ја оствариме целта. Немаме друга алтернатива доколку сакаме поефективно образование, социјализирани генерации со подобри знаења од оние што сега ги покажуваат на меѓународните тестирања.”
-информираше денеска преку социјалните мрежи Министерката Јаневска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција