БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Тошковски во посета на ПС Кочани

Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Полициската станица во Кочани.

“Во рамки на денешните активности остварив работни средби на Отсекот за управни работи Кочани и Одделението за внатрешни работи Кочани.

Отсекот за управни работи Кочани функционира одлично и процесот на издавање на лични документи е нормализиран, односно граѓаните добиваат термини во рок од еден ден.

Што се однесува до Одделението за внатрешни работи Кочани, од страна на раководството бев информиран за позначајните безбедносни настани и беше потенцирана потребата од посериозна анализа на состојбата во делот на сообраќајните незгоди кои често се случуваат на експресниот пат од Штип кон Кочани и преземење на мерки за нивно намалување.

Во делот на криминалитетот во последниот период расчистени се серија на кривични дела од областа на имотните деликти кои биле извршувани од група на сторители. Од аспект на човечки ресурси и овде има недоволна пополнетост, а во однос на материјално-техничките средства и во оваа организациска единица се забележува проблемот со недоволно моторни возила неопходни за секојдневно ефикасно постапување на полицијата.”

-информираше Министерот Тошковски во врска со неговата денешна посета.

Креирано од:


Пренеси го гласот