БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Тошковски во војна со нелегалната трговија со дрога: И во Делчево има потенцијални битки за биење на тоа поле

Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи на Република МАкедонија Панче Тошковски со свој коментар на социјалните мрежи објави отворена војна со нелегалната трговија со дрога во државата.

Неговите заложби следуваат по долготрајна кампања на реакции и информации пренесувани преку медиумите во изминатите неколку години.

Секако ваквата определба е за поздравување а топло би препорачале најавената борба да се води и на погранични места како што е Делчево каде во изминатиот период во медиумите беа присутни алармантни податоци за присуство на дрога и опијати особено помеѓу младите лица.

“Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво.

Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло.

На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Во оваа прилика сакам уште еднаш да потенцирам дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. Законот мора да важи еднакво за сите.”

-стои во соопштението на Министерот Панче Тошковски упатено во јавноста.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот