БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и со општините ги интензивира активностите за дигитализација на локалните услуги

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.

На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со поддршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а ќе се направат напори за вклучување на услугите на националниот портал за услуги воден од Министерството за дигитална трансформација.

Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.

-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински.  Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретни чекори.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace