БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Муцунски: Главна цел на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт е политичките затвореници во Македонија да добијат пристап до правда

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во рамки на панел дискусијата организирана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на темата „Извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина и судска корупција“ зборуваа потпретседателот Тимчо Муцунски,, Влатко Ѓорчев кој што е член на актуелниот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Јован Донев- експерт за меѓународни односи.

Една од поразителните состојби во Македонија нотирани во извештајот на Стејт Департментот на САД е кршењето на човековите права во Македонија од страна на актуелната власт паралелно со екстремно високото ниво на корупција и криминал. Во рамки на дискусијата потпретседателот Муцунски се осврна за состојбата со политичките затвореници во државата како и потребата за тие лица да добијат пристап до правда. Муцунски зборуваше за состојбата со уставобранителите кои што во рамки на политички монтиран случај од страна на обвинителството и судот беа осудени на вкупна затворска казна од над 200 години затвор по што обвинителката која го квалификуваше делото тероризам беше унапртедена во шеф на организиран криминал а судијката која ја изрече пресудата беше именувана за член и претседател на Уставен суд во државата.

“Кога се во прашање тие луѓе (уставобранителите), би ја повторил само констатацијата дека се работи веројатно за најголемата неправда во историјата на Македонското правосудство. И мора да се најде институционален начин да се поправи таа состојба. Односно на тие луѓе да им се обезбеди пристап до правда. Јас како што знам и они не бараат ништо поинаку. Бараат пристап до систем кој што ќе го разгледа тоа што се случило на еден правичен начин. Никој од нив не бара милост, од тоа јас што го знам. И тоа ќе биде и наша обврска како политичка партија. А тоа е да помогнеме сите овие предмети на политичка репресија преку правосудството кои што ги има во последните години, и не се само овие. Има можеби и други луѓе за кои што не се дискутира во јавност кои биле предмет на правосуден терор.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-рече Тимчо Муцунски заклучувајки дека на овие лице мора да им се овозможи институционален начин за да добијат пристап до правда.

Целата панел дискусија во врска соИзвештај на Стејт Департментот на САД за Македонија може да се погледне во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace