Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира јавна расправа за Нацрт – Законот за шумите и Нацрт – Законот за формирање на Агенција за шумите која ќе се одржи на 31 јануари (среда), со почеток во 13:00 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Нацрт – Законот за шумите и Нацрт – Законот за формирање на Агенција за шумите се дел од клучните активности на проектот Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија, NEAR/SKP2022/EA-RP/0036, финансиран од Европската унија а имплементиран од Конзорциум предводен од Particip GmbH.
Нацрт – Законот за шумите и Нацрт – Законот за формирање на Агенција за шумите се резултат на предходни длабоки анализи на подготвителен проект фининасиран од страна на Европската Унија заради реформи во шумарскиот сектор како и заради усогласување на политиките и acquis поврзани со ЕУ а со цел потикнување на одржлив развој и управување со шумите.
Извор: МЗШВ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Македонија со историски раст од над 1 милијарда евра на странските инвестиции
Средба на Премиерот Мицкоски со заменик помошниот секретар за Западен Балкан на Стејд Департментот во Вашингтон
ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, и дали ако е лесен нема потреба од разрешување