БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за еден од најголемите фестивали на отворено “Ја сакам Плачковица” ова лето во Македонија

Пренеси го гласот

Планините во Брегалничкиот регион се огромно потенцијално богатство кое што во многу мала мера е искористено на вистинскиот начин во функција на развојот на економијата. Освен сечењето на дрвна маса и неколку мали приватни иницијативи кои егзистираат во контекст на убавината на планините, огромниот економски потенцијал на истокот од државата останува неискористен. Во таа насока започна иницијатива за реализација на голем фестивал на отворено на планината Плачковица во заедничка соработка на општините Штип и Карбинци како и ДПС Лисец кој што според најавите ќе биде еден од најголемите и најубави фестивали на отворено во државата ова лето.

Градоначалникот на општина Карбинци преку социјалните мрежи ја најави програмата за овогодинешниот фестивал на отворено “Ја сакам Плачковица” на планината Плачковица при што повика на масовна посетеност на самиот настан:

“Почитувани љубители на природата и уметноста имаме чест да ви ја најавиме најдобрата, најубавата програма за ова лето во Македонија ,, Outdoor festival “ЈА САКАМ ПЛАЧКОВИЦА” 2022 .

Општина Карбинци, Општина Штип и ДПС Лисец во заедничка организација со поддршка на овој голем настан.

– Настан кој не смеете да го пропуштите, настан кој има за цел да не собере сите заедно да ја прославиме природата со целата нејзина убавина.

– Три дена полни со возбуда, музика спортски настани.

— Три дена дружења со различни луѓе од цел Балкан.

Нека Плачковица ова лето биде епицентарот на љубовта и дружењето.”

-соопшти Градоначалникот Виктор Паунов по тој повод.

Други објави за Карбинци:

dummy-img

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Редакција 01Ное 23, 20222 мин читање
Пренеси го гласот

Пренеси го гласотОдржувањето на здрава и чиста животна средин е еден од највисоките приоритети а…


Пренеси го гласот
Нов јавен простор по мерка за карбинчани: Во тек обновата на мултинаменскиот спортски терен во Карбинци

Нов јавен простор по мерка за карбинчани: Во тек обновата на мултинаменскиот спортски терен во Карбинци

Редакција 01Сеп 28, 20221 мин читање
Пренеси го гласот

Пренеси го гласотДеновиве во тек е реконструкцијата и поставувањето на нова опрема на спортското игралиште…


Пренеси го гласот
Селата Аргулица, Козјак и Таринци добиваат целосно нови улици во борбата на градоначалникот против калта во општина Карбинци

Селата Аргулица, Козјак и Таринци добиваат целосно нови улици во борбата на градоначалникот против калта во општина Карбинци

Редакција 01Јул 28, 20222 мин читање
Пренеси го гласот

Пренеси го гласотНа особено задоволство на жителите на селата Аргулица, Козјак и Таринци во општина…


Пренеси го гласот

Креирано од:


Пренеси го гласот