Градоначалникот на оптина Свети Николе Дејан Владев ја информира јавноста за претстојните активности на општинската управа во наредниот период.
Станува збор за најава за изградба и реконструкција на повеќе делници на сообраќајници во градот, партерно уредување со бекатон елементи, реконструкција на спортски терен, расчистување на јавни површини… итн.
“Сакаме да ја информираме светиниколската јавност дека веднаш по завршувањето на велигденските и првомајските празници (крај на април,мај/јуни) ќе се започне со низа градежни активности кои се во интерес на граѓаните :
– асфалтирање на потегот Рудина – Бел Камен
– реконструкција на улицата Васка Циклева
– реконструкција на ударните дупки низ градот
– бекатонско уредување низ општината
– уредување на ракометното игралиште со нов под,голови и кошеви како и нова ограда- уредување на паркот и детското катче со нови модерни содржини
– чистење на речните корита
– реконструкција на речното корито низ паркот
– започнување со изградба на балон сала во село Ерџелија во склоп на училиштето
– комплетно завршување на канализацијата во село Пеширово- водовод во село Орел
– Спремање терен за асфалтирање на Лозов Расадник
– Асфалтирање на потегот с.Кнежје,Св. Николе со с.Ѓузумелци,Лозово….
Започнати се постапки по поднесени проекти за асфалтирање на улици низ селата и градот како и втора фаза за канализација во с. Мустафино
Започната е постапка по апликацијата за уредување на новиот парк со Памп Трак како и справи за развивање на моторички вештини кои ќе се реализираат во текот на оваа и наредната година….”
-соопшти Дејан Владев- Градоначалник на општина Свети Николе.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко