БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за научна трибина “77 години потоа: Обиди за ревидирање на фашизмот и антифашистичката војна”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во петок 18.02.2022 година со почеток во 11.00 часот Здружението на историчари на Република Македонија организира јавна онлајн научна трибина под насловот: “77 години потоа: Обиди за ревидирање на фашизмот и антифашистичката војна”

Здружението на историчари на Република Македонија ја организира оваа трибина со цел иницирање научна дебата со која ќе се адресираат тенденциите за политичкиот третман на историјата, што го засегнува и редефинирањето на самото поимање на термините фашизам и антифашизам.

Со ваквиот историски ревизионизам диктиран од политичките условувања, директно се задира во самиот карактер на антифашистичката војна и се доведуваат во прашање историските придобивки на АСНОМ, како фундамент на современата македонска државност и национална самобитност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Трибината треба да даде одговор на прашањата дали на патот кон ЕУ во 21 век Македонците ги губат темелите на својата државност, идентитет, јазик, историја, култура, создадени врз основа на македонската антифaшистичка војна и врвот на извојуваната победа – АСНОМ? Дали со редефинирањето на фашистичкиот карактер, се отвара патот кон неоимперијализмот, со сведување на Бугарија од окупатор на “администратор”, а 11 октомври во “граѓанска војна”?!

Дали чекор по чекор во 21 век реализирањето на бугарскиот сон за Санстефанска Бугарија станува стварност!? Останува ли уште да се редефинира антифашистичката војна и АСНОМ – темелите на македонската државност?!

Модератор:
проф. д-р Митко Б. Панов

Говорници:
проф. д-р Трајче Стојанов
проф. д-р Тодор Чепреганов
проф. д-р Александар Литовски

Датум: 18. 2. 2022 год. (петок)
Час: 11:00
Платформа Zoom

Стрим во живо на Фејсбук страната на Здружението на историчари на Република Македонија

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace