Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Најава за протест: Обединување на сите барања на студентите за подобар студентски стандард!

Пренеси го гласот

“СТУДЕНТСКО ОБЕДИНУВАЊЕ !

СИТЕ СТУДЕНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОБЕДИНЕТИ ВО НАШИТЕ БАРАЊА !

УТРЕ (ПОНЕДЕЛНИК) – СИТЕ ЗАЕДНО НА ПРОТЕСТ ПРЕД МОН ОД 14:00 ЧАСОТ !

Студентската организација “Студентска Револуција” на иницијатива на сите студентски организации се приклучува на протестот утре (понеделник) од 14:00 часот пред МОН.

Како резултат на доведување на студентот до потчинета положба во општеството време е сите студенти и сите млади заедно да излеземе на улица да си ги побараме правата.

Веќе подолго време Министерството за образование и наука не ги исполнуваат обврските кон студентите дека ратите за стипендиите ќе бидат исплатени.

До денеска сеуште не е исплатена ниту една рата од студентските стипендии за академската 2023/2024 година, а нема конкретна информација кога тоа ќе биде и направено.

Ова е најголемо обединување на студентите, сите студентски организации се обединети во оваа цел !

bregalnickimarketing

Заедно, без ситнење на револтот сите студенти и сите младински организации да застанеме на улица пред МОН и да се избориме за нашите права.

Ги повикуваме СИТЕ заедно на СТУДЕНТСКА РЕВОЛУЦИЈА пред МОН !

Се гледаме!

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Студентска Револуција преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот