Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир. На состанокот помеѓу повеќе актуелни теми било отворено прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта која се наоѓа во центарот на Сккопје како дел од пошироките напори на владата за заштита на културното наследство во Македонија.
Намерите се преку Министерството за култура работна група да креира проект преку кој ќе се аплицира на постојните фондови на ЕУ за развој на поддршка од ваков карактер во наредниот период.
“Ќе ја реконструираме и ќе ја вратиме во функција централната Пошта во Скопје како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот
Денеска остварив работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
На средбата покрај информациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија.
Се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.
На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за култура за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконструкција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција.”
-информираше Министерот за транспорт и врски Александар Николоски во контекст на денешниот состанок со амбасадорот Дејвид Гир.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пирамиди позади грб, сребрен медал на градите: успех за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Александрија, Египет
Министерот Перински во посета на општините Босилово и Ново Село: Подобрени се условите за настава во село Секирник, Смоларските водопади и Пирго бележат зголемен број на туристи
Во организација на МАНУ, во Охрид се одржа Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница