На синоќешниот Цнтрален Одбор на СДСМ се доизбраа највисоките партиски структури по неодамна одржаните два конгреси на партијата и изборот на некогашниот прв човек на СОРОС во Македонија Фани Каранфиловска Пановска за заменик претседател на СДСМ.
Доказ за длабоката криза и заробеност на СДСМ од канџите на малкумина луѓе блиски на семејството Заеви преку Венко Филипче се и старо-новите функционери кои што ги завземаа сношти најзначајните функции во СДСМ, преттавувајки се себеси како но нови кадри.
“Ново раководство и нова визија за позитивни промени во СДСМ!”
-стои во насловот на соопштението упатено до јавноста од состанокот на Централниот одбор на СДСМ кој се одржа сношти.
Така на пример поранешната министерка Каја Шукова е поставена за потпретседател на партијата а поранешниот пратениок Мартин Костовски за организациски секретар на опозициската партија која на изборите во месец мај оваа година го доживеа најголемиот изборен дебакл во историјата на СДСМ.
“Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство.
Се избра новото партиско раководство, членови на Извршниот одбор, понатаму генералниот секретар, тоа е Александар Димитријевиќ. Се избраа потпретседателите на партијата, Кристина Костова од Штип, Менде Илиевски од Битола, поранешната министерка Каја Шукова и професорката Ана Чупевска од Правниот Факултет, двајцата организациски секретари, поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од Општинската организација Центар.
Оваа енергија, оваа одлична атмосфера којашто ја имавме вечерва е само доказ дека консолидацијата не само што е започната, туку таа многу добро се одвива на сите нивоа во партијата. Вечерва избравме луѓе коишто имаат многу силен личен интегритет, многу знаење и искуство во своите области на делување претходно, коишто верувам дека со сета сила и знаење ќе се вложат во периодот којшто следи.”
-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.
“Имаме веќе план за работа. Многу силна и многу интензивна работа почнува веќе утре. Направен е план за посета на сите општински организации. Има насоки за промена во делувањето, комуникацијата со луѓето, начинот на коишто ќе допреме до членовите и симпатизерите, на оние коишто од некои причини не гласаа, се налутија, останаа дома, гласаа за друг политички субјект, веќе пристапуваат поради, и сме подготвени да ги слушнеме сите нивни предлози и во еден широк инклузивен процес да ги вклучиме сите наши членови и симпатизери во процесот на креирање на политики,”
-рекол претседателот на СДСМ Венко Филипче на синоќешниот Централен Одбор..
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда
Туристичките работници убаво да се подготват за зголемен прием на турските туристи на Охридскиот аеродром за наредната сезона