БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден е роден првиот македонски драмски писател кој пишувал на мајчин, Македонски јазик

Пренеси го гласот

Војдан Чернодрински е еден од столбовите на постоењето на Македонскиот национален идентитет во неговата изворна форма. Како писател на драмски текстови Војдан Поп Георгиев Чернодрински е директно најзаслужен за афирмацијата на Македонскиот јазик кој што во тоа време опстојувал во некодифицирана форма на мајчин-народен јазик кој што го зборувало населението во етно-географскиот простор Македонија.

Како автор Чернодрински има огромна улога во зачувувањето на културно- етнографските специфики на Македонскиот национален дух кој што дотогаш бил пренесуван од колено на колено во директна разговорна форма, а сега бил артикулиран низ една пишана форма на историски документ во неговите пишани драми.

Револуционерниот карактер на делото на Војдан Чернодрински е јасно дефиниран во сижето на неговите драми кои пак го пресликуваат внатрешниот човечки немир на самиот автор во борбата за слобода на сопствениот народ.

Војдан Чернодрински е роден на денешен датум 15.01.1875 година во селото Селци северно од Струга, во релативно имотно семејство кое на Војдан му обезбедило соодветно образование. Од родното место, преку Солун Војдан своето образование го продолжил во Софија каде неговиот татко заминал на печалба. Потоапотрагата по знаење го насочила младиот Војдан во Србија, Грац и Берн, но правните студии не ги завршил до крај. Побарал да се вклучи во учителската дејност со цел да се поврзе со Македонската револуционерна организација и станал учител во Могила.

Но неговиот авторски нагон овозможил тој после една година учителствување во битолското село да замине во Софија каде набргу потоа ја реализирал пред публика својата прва драма „Македонска крвава свадба“. Моменталниот успех на оваа дело на авторот овозможил повеќе репризи со што Чернодрински се издиференцирал помеѓу македонската емиграција како респектиран автор, што го трасирало почетокот на неговиот иден животен пат.

„Скрб и утеха“ било името на Македонскиот театар кој што ги реализирал претставите на Војдан Чернодрински помеѓу македонската емиграција во Бугарија, најмногу поради недостиг на технички услови во тогашна етнографска Македонија. По задушување на Илинденското востание сега веќе преименуваниот театар под името

„Скрб и утеха“ било името на Македонскиот театар кој што ги реализирал претставите на Војдан Чернодрински помеѓу македонската емиграција во Бугарија, најмногу поради недостиг на технички услови во тогашна етнографска Македонија. По задушување на Илинденското востание сега веќе преименуваниот театар под името

„Скрб и утеха“ било името на Македонскиот театар кој што ги реализирал претставите на Војдан Чернодрински помеѓу македонската емиграција во Бугарија, најмногу поради недостиг на технички услови во тогашна етнографска Македонија. По задушување на Илинденското востание сега веќе преименуваниот театар под името „Столичен македонски театар“ кружел и низ соседна Србија каде изведбите на Чернодрински исто така доживеале поголем успех.

bregalnickimarketing

По одигрување на Младотурската револуција и здобивањето на Македонското население на поголеми политички и културни слободи, за првпат драмата “Македонска крвава свадба” за првпат се одиграла во родната МАкедонија.

Воените виори на двете Балкански војни како и Првата светска војна го мобилизирале Војдан на воените полиња ширум негоават родна МАкедонија која обилно крварела во овие воени сукоби. По Првата светска војна Чернодрински продолжил да живее и да работи со намален интензитет во емиграција во Софија.

Војдан Чернодрински умира во 1951 година на 8 јануари во Софија.

Историското значење на Војдан Чернодрински е огромно за афирмација на Македонскиот национален идентитет, особено поради фактот што неговото дело и неговиот театар биле првиот вистински медиум преку кој прозвучил Мајчиниот Македонски јазик за Македонците како во емиграција, така и во Македонија. Со та биле удрени темелите за идната кодификација на Македонскиот литературен јазик чии што корени биле втемелени во драмите на Чернодрински и делата на други негови современици кои твореле на мајчин Македонски јазик.

Во продолжение ги пренесуваме насловите на драмските текстови кои ги напишал Војдан Чернодрински:

  • Дрварите (1895)
  • Во меаната (1895)
  • Македонска емиграција (1897)
  • Македонска крвава свадба (1900)
  • Од глаата си патиме (1902)
  • Робот и агата (1902)
  • Зло за зло (1903)
  • Срешта (1903)
  • Мајстори (1903)
  • Духот на слободата (1909)
  • На реката (1921)
  • На Нова година (1921)
  • Цар Пир (1921)
  • Бурите крај Вардар (1925)
  • Цвета војвотката (1929)
  • Слав Драгота (1930)

Креирано од:


Пренеси го гласот