Борис Дрангов е роден 1872 година во Скопје, во семејството на Стојан и Ѓурѓа Дрангови. Учи во бугарското педагошко училиште во родниот град кое го завршува со одличен успех. Во 1891 година е примен во Военото училиште во Софија.
Во 1893 година е произведен во потпоручник и е распреден во 3-от коњанички полк во Пловдив.
За време на Илинденско востание, Дрангов ја напушта воената служба и заминува во Македонија, каде заедно со други офицери, собира чета от 120 души која дејствува во реонот на планината Плавица, Кратовско.

За време на Првата Балканската војна (1912 – 1913) е началник на штабот на 1-та бригада на 1-та пешадиска дивизија. На бојното поле забележува значајни победи – кај Гечкинли (22 октомври 1912), Чаталџа (17 ноември 1912), Одрин (13 март 1913), Селиолу, Ескиполос и Петра. При заземањето на Селиолу лично предводи една од дружините во напад. За покажаниот хероизам е награден со орден „За храброст“ од IV степен.
На 2 септември 1915 г. со заповед №420 се формира 11-а пешадиска дивизија – наследник на Македоно-одринското ополчение. В состав на дивизијата влегуваат и 1-от артилериски и 6 пешадиски полк, а потполковник Борис Дрангов е назначен за началник на 5-и македонски полк.

Офицери од 11-та пешадиска македонска дивизија, на левата страна од попот e полковникот Борис Дрангов
За време на Првата светска војна (1915 – 1918) како командант на полк во дивизијата која е составена безмалку целосно од необучени војници од Македонија, Дрангов успева за кратко време да ги подготви и да направи од нив целосно оперативнавоена единица. Учествува во битките кај Калиманци, Кочани и Штип. На 25 ноември 1915 г. го предводи ноќниот напад кај селото Градец.

Во периодот февруари-март на 1916 г. полкот е сместен источно од Петрич. По идеа на Дрангов (во атарот на денешното село Дрангово) се гради спомен-чешма на загинатите војници и офицери од 5 пешадиски македонски полк, на којa пишува:
1916 на ПАДНАЛИТѢ ЮНАЦИ
от 5 пѣх. Македонски полкъ
Големите жртви кои ги дава офицерскиот состав на армијата, налагаат да се формира Школа за резервни офицери во Скопје. На 15 мај за началник на школата е назначен потполковник Дрангов. Така тој ги напушта редовите на 5 македонски полк и заминува во родниот град на новата дожност. Во неа има 1053 кандидати за офицери.
Кон крајот на септември, во офицери се обучени 876 кандидати, а Дрангов ја презема должноста на Началник на штабот на 1-та пешадиска дивизија и 6 месеци е на бојното поле околу Добруџа во кампањата против Романија.
Во март 1917 г. повторно е во Македонија како командант на 9-от пешадиски пловдивски полк од 2-та пешадиска дивизија. Ги брани позициите на котата 1050 на завојот на Црна река. За оваа битка, и ден денес, во Кавадарци се пеат песни.

На 26 мај 1917 при француски артилериски напад, потполковникот Борис Дрангов е тешко ранет. Како последица од раните, истата вечер, им подлегнува на повредите.
Погребан е во дворот на црквата „Свети Димитриј“ во Скопје, но подоцна српските власти ги преместуваат неговите посмртни останки. Постхумно е унапреден во чин полковник.
Сопруга на Борис Дрангов е Рајна Дрангова. Во Лом, Дрангов се запознал со Рајна Денкова Попова – ќерка на Денко Николов Попов од селото Младо Нагоричане – четник на Дедо Иљо Малешевски. Рајна и Борис имале 5 деца, од кои – Кирил Дрангов е истакнат деец на ВМРО
Борис Дрангов е автор на следните монографии:
- Подробна програма за обучение на млади войници и редници, Лом, 1898
- Юнаци, изпълнете клетвата, Лом, 1901
- Тактика, София, 1912
- Походът на Наполеон в Русия, София, 1912
- Помни войната, Скопие, 1916
- Психология на групата и колектива , 1940


Современата воена наука во соседна Бугарија го определува како првиот воен теоретичар на воената тактика.
Борис Дрангов е тукашен, син е на Македонија. Тој не е единствен кој нашата историја “ненамерно” го заборавила и него и нему сличните, нема да ги пронајдете на страниците на учебниците по историја. Дали ќе го има во новите, останува да видиме.
Но, сепак, нема да бидат заборавени!

На 7 и 8 јуни 1946 година, по заповед од Москва, бугарските и србските комунисти “расчистуваат” со дејците на ВМРО. На 8-ми јуни 1946 година, во куќата во Софија, каде што живее достојниот син на полковник Борис Дрангов – Кирил Дрангов, е опкружена од бугарската милиција. Откако испраќа 6-мина милиционери на другиот свет, Кирил Дрангов се самоубива.
Вечна слава на Кирил Дрангов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Празнување на Света Троица-Духовден (Педесетница) во село Град, делчевско: Световен собор на селото
Празнувањето и симболиката на Спасовден – Празникот на Христовото вознесение
Празнувањето на Ѓурѓовден во нашиот регион е поврзано со будењето на пролетта, будењето на животот