Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

На денешен ден во 1913 година во Букурешт е распарчена Македонија меѓу балканските волци

Пренеси го гласот

На денешен ден цо 1913 година во Букурешт е поделена етничката територија на Македонија и Македонскиот народ помеѓу Грција, Бугарија и Србија со гарант на тогашните светски сили.

 Србија, Црна Гора, Романија и Грција како сојузнички завојувани земји од една страна и Бугарија од друга страна со овој договор извршиле поделба на териториите на Етничка Македонија, Косово и Метохија, Санџак, Тракија, делови од Епир, што било причина за двете балкански војни кои се воделе претходно на Балканскиот полуостров во предвечерие на Првата Светска Војна.

 Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејска Македонија, со површина од 34.356 км2 ја добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел од етничка Македонија.

Со тоа била нанесена историска огромна неправда врз Македонскиот народ кој што други го делеле без право на приговор на ваквите империјалистички политики на соседните држави.

По потпишувањето на Букурешкиот договор започнала немилосрдна асимилација на Македонскиот народ која што трае до ден денес на Балканот.

Креирано од:


Пренеси го гласот