• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Portfolio
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

На денешен ден загинал Пере Тошев

мај 4th, 2022 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 90

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден загинал Пере Тошев
loading...

Пере Тошев – Лефтер (1865 – 4 мај 1912) е македонски револуционер, војвода и учесник во Илинденското востание. Тој е член и раководител на Македонската Револуционерната Организација, еден од најблиските соработници на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, а подоцна близок на Народната Федеративна Партија.

Пере Тошев е роден во 1865 година во Прилеп, во семејство на богати и видни иселеници од Дебар. Рано останал без татко, а целата грижа за семејството ја водел неговиот брат. Основно и прогимназиско образование стекнува во родниот град, а од 1882 година учел во Солунската машка гимназија, која била расадник на револуционерни идеи. Во 1884 година во VI клас Ѓорче Петров бил исклучен поради бунт заедно со група ученици. Обидот да го продолжи своето образование во Пловдивската гимназија не бил успешен поради притисокот на егзархијата и настаните кои следуваат.

Неговиот борбен дух не мирува. Истата година, со помош на велешанецот Спиро Костов и прилепчанецот Владимир Кусев, Пере Тошев во Станимака (Асеновград) формираат организациона единица на Тајниот македонски револуционерен комитет кој има за цел ослободување на Македонија и Одринско. Меѓутоа, нивната агитација за македонското дело, бугарскиот двор ја искористил да ги спроведе своите цели, како што е обединување на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија. Во бунтовите кои следуваат во септември 1885 година, Пере Тошев зел активно учество со чета во завземање на градската пошта во Пловдив.

По обединувањето, Србија незадоволна од проширувањето на Бугарија, во ноември 1885 година започнува војна со Бугарија. Во Српско-бугарската војна, Пере Тошев со уште 400 македонски доброволци предводени од бугарскиот капетан Коста Паница, учествувал во борбите кај Сливница и Пирот, каде е ранет, а потоа и награден со „Орден за храброст“.

Пере повторно се обидува да го заврши гимназиското образование, но поради неговиот бунтовен карактер, по неколку месеци од Пловдив заминал кај своите другари во Софија, каде се обидел да најде чиновничка работа. Во периодот од 1885 до 1890 година, Пере Тошев имал бројни состаноци на кои се договарал за организирање на нова македонско-одринска организација. Во писмото испратено до Ѓорче Петров околу 1889 година, тој го изнесува предлогот заедно да формираат организација за ослободување на Македонија.

Во масовните апсења на бугарската полиција меѓу македонската емиграција, кои следуваа по убиството на Христо Белчев, бугарски министер за финансии во владата на Стефан Стамболов, кој по грешка бил убиен место премиерот, Пере Тошев бил затворен и испитуван. По дадените гаранции на влијателниот пријател И. Андонов, Пере бил ослободен и заминал во Пловдив. По извесен период повторно се вратил во Софија. Откако не добил дозвола да живее во Софија, тој ја напушта Бугарија и засекогаш се враќа во Македонија.

Пере Тошев се вратил во родниот град Прилеп во 1890 година и откако не добил поддршка од неговиот брат да го продолжи своето образование во Европа, по две години почнал да работи како учител. Во учебната 1892/93 година се сретнал со Даме Груев кој бил назначен за егзархиски учител во Прилеп. Носени од слични идеи, меѓу нив постои блискост, но во градот се` уште немало плодна почва за револуционерни идеи, па тие не биле моќни нешто да започнат.

Во јуни 1893 година Даме заминал за родното Смилево, а набргу потоа во Солун каде станува една од водечките личности на Македонската Револуционерна Организација, а Пере Тошев во периодот од 1893 па се` до 1901 година учителствувал во гимназиите во Прилеп, Скопје, Битола и Солун.

Пере Тошев бил стар револуционер кој имал оформени идеи и ставови за револуционерната борба, како никој друг. По доаѓањето во Битола во 1894 година, каде работи како професор во битолската гимназија, тој станал член на Македонската Револуционерна Организација. Тука тој имал неколку средби со Даме Груев, по што го формирал првиот окружен револуционерен комитет на Организацијата (ОРК на МРО) и станал негов прв претседател. Во текот на двегодишниот престој, Пере уживал огромен авторитет меѓу членовите на Организацијата во Битола и Битолско, каде заедно со Ѓорче Петров го издаваат весникот „На оружје“.

Во 1896 година Пере Тошев со работа се преместил во гимназијата во Солун, а две години потоа бил назначен за училишен инспектор. Истата 1898 година, тој станал член на ЦК на ТМОРО. Во периодот додека престојувал во Солун се оформува четништвото како институција и заживува неговата идеологија. По наредба на ЦК младите интелектуални сили кои ги испраќал Гоце Делчев требале да се обучуваат во четата на Михаил Апостолов – Попето, но и морале да ја поминат контролата на Пере Тошев, пред да добијат самостојни задачи. Од него тие биле запознавани со идеологијата, со задачите, како и со односот кој треба да го воспостават со населението. Сите кон Пере Тошев имале стравопочит. Меѓутоа, по Солунската афера во 1901 година, Тошев заедно со целиот состав на ЦК бил уапсен, осуден и заточен во Бодрум-Кале, Мала Азија. Следната 1902 година, тој бил амнестиран, се вратил во Солун, оттаму заминал за Битола и Прилеп, каде што живеел полулегално.

Иако Тошев не се согласил со решението за кревање на недоволно подготвено масовно востание, сепак зел активно учество во Илинденското востание. Тој дејствувал во прилепскиот крај кај Мариово, а по задушувањето на востанието, со помош на Петар Ацев, Ѓорѓи Пешков и Ѓорче Петров, работел на обновување на револуционерната мрежа на Организацијата во Прилепско. Со зголемувањето на српската пропаганда во Македонија во 1904 година, Пере Тошев се обидува по мирен пат да го неутрализира нивното делување во областа. Тој лично преговарал со србоманскиот војвода Глигор Соколов(иќ) Ламев и успеал да издејствува ослободување на заробениот Даме Груев.

Пере Тошев по востанието се залагал за реформи и децентрализација во Организацијата. Во 1904 година присуствувал на Прилепскиот конгрес, а во 1905 година учествувал на Рилскиот конгрес на кој поднел Правилник за работата на ТМОРО и застанал на страната на реформското крило на Организацијата. На Конгресот тој повторно бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Потоа заено со Јане Сандански учествувал во работата на Серскиот конгрес во 1906 година, а по убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов во 1907 година бил прогонуван од бугарската полиција во Софија.

По Младотурската револуција Пере Тошев и Димо Хаџи Димов учествува во издавањето на весникот „Конституциона зора“, кој излегува во текот на 1908 и 1909 година во Солун. Од 23 број „Конституциона зора“ се декларира како орган на Македонско-одринската организација и ги застапува позициите на Серската група на ВМРО. Во текот на 1910 и 1911 година. Пере Тошев бил назначен за училишен инспектор во Солун, а пред Првата Балканска војна се разболел и заминал за Софија на лекување.

Пере Тошев тешко го доживува Договорот склучен меѓу Србија и Бугарија на 29 февруари 1912 година за војна против Османската империја и поделба на Македонија. Тој протестира и бара да биде примен и ислушан во Народното собрание, но е уапсен. Скршен од болка тој заминува за Македонија. Но, предаден и следен уште од Софија, тој бил пречекан од турска заседа меѓу селата Градско и Дреново. На 4 мај 1912 година (21 април 1912) Пере Тошев бил убиен, а неговото тело исечено на парчиња и скриено покрај патот. Дури по пет дена роднините го наоѓаат телото на Тошев, но Турците им забраниле да го закопаат во Прилеп. Под нивен надзор Тошев бил погребан во дворот на црквата во селото Фариш, Тиквешко. Во 1996 година неговите посмртни останки се префрлени во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп.

Неговите современици ќе забележат дека: „Меѓу најголемите македонски дејци, Пере Тошев е најмалку познат. Тој живееше во осаменост и умре незабележано. Неговиот тивок и меланхоличен лик, сепак е полн со редок и скапоцен шарм. Внатрешниот живот кај никој од соборците не беше така чисто фокусиран и изобилен со морално богатство како кај него“

фото* Mакедонското сонце на саркофагот од Пере Тошев !

Извор: https://www.facebook.com/BabaLazeTrapNeLaze

Related

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава И во Панчарево каде што често поминувал Гоце Делчев одбележана 119 годишнината од неговата смрт
Следна објава Пред 21 година на денешен ден од овој свет замина една од најпознатите Македонски вокали Васка Илиева
Може да Ве интересира:
Досега необјавена фотографија од веридбата на Гоце Делчев со Јорданка-Јанка Каневчева
Историски документи

Досега необјавена фотографија од веридбата на Гоце Делчев со Јорданка-Јанка Каневчева

мај 4th, 2022 593
Пред 21 година на денешен ден од овој свет замина една од најпознатите Македонски вокали Васка Илиева
Култура и традиција

Пред 21 година на денешен ден од овој свет замина една од најпознатите Македонски вокали Васка Илиева

мај 4th, 2022 142
Сеќавање и длабока почит за загинатите маченици во масакрот кај Вејце: И Г О Р   К О С Т Е С К И
Историски личности

Сеќавање и длабока почит за загинатите маченици во масакрот кај Вејце: И Г О Р К О С Т Е С К И

април 27th, 2022 105
Никола Карев во интервју за грчки весник во 1903: -Јас сум Македонец, наследник на Александар Македонски а ВМРО е Македонска организација
Историски личности

Никола Карев во интервју за грчки весник во 1903: -Јас сум Македонец, наследник на Александар Македонски а ВМРО е Македонска организација

април 27th, 2022 192
Катерина Вељаноска за Христо Узунов: Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот
Историски личности

Катерина Вељаноска за Христо Узунов: Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот

април 24th, 2022 363
Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика
Историски документи

Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика

април 19th, 2022 236
Разобличување на бугарските обиди за фалсификат на историјата за постоењето на Македонците
Историски документи

Разобличување на бугарските обиди за фалсификат на историјата за постоењето на Македонците

април 19th, 2022 237
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
Историски личности

Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме

април 15th, 2022 239
На денешен ден во 1865, прилепско е роден Македонскиот револуционер Ѓорче Петров
Историски личности

На денешен ден во 1865, прилепско е роден Македонскиот револуционер Ѓорче Петров

април 2nd, 2022 84
Facebook Comments

зголемете го приходот од вашиот веб сајт

Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

1793
Click Here To Join Native Media
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

598
Најнови објави
Мај 16th 9:30 PM
Регион

Развојот на Македонска Каменица подразбира и зголемување на бројот на паркинг места во општината

Мај 16th 7:46 PM
Регион

ЛМС – Кочани и Црвен крст реализираа показна вежба за укажување на прва помош за младата популација

Мај 16th 6:39 PM
Свет

Советот на Македонските заедници на Австралија ја осудува хиерархијата на МПЦ во врска со декларацијата со вселенскиот патријарх

Мај 15th 3:41 PM
Регион

Градоначалникот Папазов денешниот празник го празнуваше со жителите на село Оризари

Мај 15th 12:05 PM
Колумна

Време е фениксот повторно да се издигне од пепелта за да стане лав!

Мај 14th 6:04 PM
Регион

Крводарителска акција во Чешиново-Облешево

Мај 14th 5:24 PM
Колумна

Проф. Д-р Игор Јанев: Во ООН, за нас зборот “Македонија” е суспендиран

Мај 14th 3:54 PM
Македонија

Пак со “признавањето” на куково лето на МПЦ

Мај 14th 3:45 PM
Колумна

“Коси црти” од целиот свет обединете се! Почна ли да течат пари во $€верна?

Мај 14th 3:16 PM
Македонија

Не успеа блокадата на ВМРО-ДПМНЕ! СДСМ со парламентарното мнозинство тоа не го дозволи

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Вордингот на Таљат Џафери во собрание: "Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези"
Македонија

Вордингот на Таљат Џафери во собрание: "Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези"

Мај 13th, 2022 511
Полицајци учествувале во кражба на бакар од трафостаница, алармира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Полицајци учествувале во кражба на бакар од трафостаница, алармира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Мај 14th, 2022402
Звуци на шпанското фламенко родени во срцето на Пијанец
Магазин

Звуци на шпанското фламенко родени во срцето на Пијанец

Мај 11th, 2022282
Проф. Д-р Игор Јанев: Во ООН, за нас зборот "Македонија" е суспендиран
Колумна

Проф. Д-р Игор Јанев: Во ООН, за нас зборот "Македонија" е суспендиран

Мај 14th, 2022272
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020210
Архива на статии
  • Колумна
  • Градоначалник
  • Штип
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Локални избори
  • Гоце Марков
  • проекти за граѓаните
  • Кочани
  • 2021
  • СДСМ
  • Општина Лозово
  • Бошко Цветковски
  • Свети Николе
  • Љупчо Папазов
  • Карбинци
  • Македонска Каменица
  • став
  • инфраструктура
  • Дејан Владев
  • соработка
  • Виктор Паунов
  • Иван Јорданов
  • Дарко Тодоровски
  • Виница
  • Миле Петков
  • образование
  • Украина
  • Зоран Заев
  • Христијан Мицкоски
  • Совет
  • Пехчево
  • Поезија
  • војна
  • Русија
  • граѓани
  • Историја
  • Делчево
  • Честитка
  • Димче Атанасовски
  • Бугарија
  • МВР
  • проекти
  • Пробиштип
  • Берово
  • Велигден
  • протест
  • култура
  • СЈО
  • ЗДРАВСТВО
  • Спорт

Почитувани,
во последните повеќе години источниот дел на Република Македонија се соочува со едноумие и анемичност во информативниот простор, предодреден првенствено од лошите економски услови за опстојување на информативните гласила на овој простор.
Брегалничкиот регион на Република Македонија има со што да се пофали и афирмира пред остатокот од државата, но и во меѓународни рамки.
Исто така потиштени од огромниот број на проблеми со кои се соочува народот во овој регион, за кои што проблеми многу малку се говори и информира во јавноста изворно од теренот гледаме дека сосатојбите не се менуваат на подобро.
Затоа решивме да смогнеме минимални сили за да започнеме со овој проект наречен едноставно БРЕГАЛНИЧКИ.
Портал кој првично извира од народот и за народот…
Колку ќе успееме да ја заслужиме Вашата читателска доверба, оставаме Вие самите да изградите сопствена перцепција.

Вести од источна МакедонијаПростор за ваша промоција. Контакт: bregalnicki@gmail.com
Наш Instagram дом

bregalnicki

Информација за нормални луѓе

bregalnicki
Ја сузбиваме конкуренцијат Ја сузбиваме конкуренцијата😎😅😂
Ова е тоа зошто светски мешетари сакаат да се заборави историјата,  колективната свест и знаење втемелено во кодот на Македонскиот идентитет.
Од народните мотиви на македонската традиционална носија до саркофазите на египетските???? фараони....
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!
Ова е најубавата млекарница во светот според книгата на Гинисови рекорди од 1998 година.
Млекарницата Фунд се наоѓа во Дрезден. Основана е во 1891 година и украсена во стилот на неоренесансната  ера.
Објектот некако ги преживеал бомбардирањата во Втората Светска Војна. Во 1972 објектот бил национализиран од државата а во 1978 година бил затворен. Неговата дрјност била возобновена во 90 тите години од минатиот век а денес таму може да се ужива во мноштво вкусови на различни млечни производи
R.I.P. NEAL ADAMS | 1942 - 2022 На 28 април R.I.P. NEAL ADAMS | 1942 - 2022
На 28 април почина стрип артистот и креатор на многу стрип приказни пренесени преку графички визуелизации Нил Адамс.
Тој бил еден од основачите на графичкото студио за дизајн Continuity Associates, и поборник - адвокат за заштита на авторските права на стрип артистите. Тој бил еден од тимот активисти кои овозможиле Џери Сигел и Џо Шустер-креаторите на ликот на Супермен да добијат државна пензија и признание од државата за нивниот придонес во развојот на поп културата воопшто.
Бели дробови... на човекот и Бели дробови... на човекот и на планетата...
Во Истамбул, Турција  направиле статуа на мачката -скитник Томбили на местото каде што често седела и ги посматрала минувачите пред да угине.
Едно општество за сите Едно општество за сите
Врвот на Големата пирамида Врвот на Големата пирамида во Гиза, Египет.
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.
 

Loading Comments...