Се чини дека за да определена состојба во нашата држава се промени на подобро потребни се надчовечки напори и убедувања како мали дечиња па да има било каков резултат.
Откако неколку пати известивме за постоењето на парадоксална и во најмала мерка траги-комична ситуација која се случува на регионалниот пат А3 на потегот Делчево-Кочани, за постоење на добиток на патот, се уште оваа катастрофална состојба не е променета.
Надлежните служби абер немаат да ја спречат ваквата непосакувана состојба која може некого да го чини живот.
Возачите на овој патен правец едно што мораат да внимаваат да не удрат во некоја карпа на патот кои се појавуваат при секоја појава на дожд, мораат да се пазат и од налетот на кравите и говедата кои се шетаат по патот како на пасиште.
Возачите реагираат на зачестеноста на овие животни по самата магистрала на патниот правец од селото Калиманци до село Истибања.
Најчесто кравите се движат без присуство на сточар, а возачите треба да се особено внимателни во ноќните часови , каде покрај добитокот има и чести одрони на патот , а безбедноста на возачите како и можноста за материјални штети на возилата е зголемена.
Фото: www.delcevo365.mk
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
Групацијата „Алтернатива“ започнува со групни психоедукативни работилници во Кочани
Дедо од Берово се однесувал агресивно кон соученичка на неговата внука