БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На Зајкова после 6 години на власт на нејзината коалиција сега и текна дека не функционира системот

Пренеси го гласот

Либералнo- Демократската партија на Моника Зајкова е шеста година по ред како е на власт како дел од коалицијата со СДСМ и ДУИ. Оваа млада и перспективна политичарка за магазинот “Детектор” ги критикуваше хаосот во општествениот живот во Македонија, без притоа да каже дека таа и нејзината партија се едни од најодговорните за ваквата поразителна состојба во државата.

И покрај тоа што јавно манифестира дека како власт водат лоши политики, Моника Зајкова со сета нејзина младост и искуство во политиката нема политичка зрелост кај себе и кај нејзината партија која ја води да си поднесат оставка од сите извршни функции во државата и да им отстапат место на покадарни луѓе кои што ќе знаат да се спават со предизвиците.

“Лошиот квалитет на живот, партизираноста, лошиот стандард и непрепознавањето на квалитетот на младите се главните причини поради кои Младите си заминуваат од Македонија,” вели за #детектор Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Според неа, уште поголем проблем е и што оние кои си заминале од Македонија воопшто не размислуваат да се вратат.

Креирано од:


Пренеси го гласот