БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На Заев му е мила власта. И да нема датум, не планира предвремени избори…

Пренеси го гласот

Генералниот сектретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ги разобличува намерите на Зоран Заев што е можно подолго да се одржи на власт по секоја цена.

Во услови кога најголемата измама со промената на Уставното име на Република Македонија со цел за влегување во ЕУ и НАТО, доживува целосен дебакл на меѓународна сцена, Зоран Заев ги релативизира работите и глуми политичар, иако одамна неговата политичка кариера е завршена со купот лаги кои ги истури врз Македонските граѓани.

Во продожение во целост интегрално го пренесуваме ставот на Игор Јанушев по тој повод:

“Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да обезбеди мнозинство во Собранието на Република Македонија за предвремени парламентарни избори, водачот на криминално-рекетарската банда на власт – Зоран Заев е против и вели дека и да нема датум за почеток на преговори, предврмени избори нема да има.

И тоа речиси во истовреме кога Блумберг јавува дека Франција и Холандија инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови членки и бараат претходно да има целосно реформирање на процесот на проширување на ЕУ, при што преговорите да бидат постепени, поконкретни во придобивките за државите – кандидати, но и реверзибилни врз основа на постигнатите реформи.

И додека власта брифира дека средбата Меркел – Макрон е за интеграциите на Македонија, светските медиуми тврдат дека е за Брегзит. И, не дека Македонија има лоша среќа, туку проблемот е што Македонија го има Заев кој ја потона земјата во криминал и корупција.

Без реални реформи, без да се одработи “домашното”, со уништена економија, со народ на “питачки стап”, со катастрофа во здравството, потценувајќи го чесниот земјоделец, со безидејноста во образованието, спортот и културата, со рекет кои “како пупка” ја отворија Република Македонија, со “блескањето” на диригираното судство и обвинителство, сме се подалеку и подалеку од ЕУ!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

-соопшти Игор Јанушев преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот