БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Нашата идеја ќе се оствари – Македонија ќе биде слободна”, пишува тој на денешен ден и се самоубива на олтарот на татковината

Пренеси го гласот

24 април 1905 г.
“Собитието, извршено во село Цер-Битолско, ќе остане ненадминато во историјата на револуционерната борба на Македонија. Непријателите навлегоа во Цер и вршеа репресии. Узунов се придаде в помош и влегува во жестока борба со многуилјадиот непријател. Засолнувајќи се во една двокатна куќа, опкружената чета покажува ненадмината храброст цели 24 часа. Војводата извикува:

“Нека останеме верни на клетвата и на Родината си”

и гледа како еден по еден другарите му даваат живот пред олтарот на татковината. Се приближува веќе и неговиот час. Вади хартија и почнува да пишува. Се обраќа кон своите другари и ги моли да бидат искрени кон ослободителното дело, зашто само искреноста и чистотата ја возвишиле организацијата.

“Нашата идеја ќе се оствари – Македонија ќе биде слободна, пишува тој, ете зашто јас умирам спокоен.

Ве молам, посебно поздравете ја милата ми мајка, која никогаш не излезе од мојот ум. Нека ми прости и таа дека со ништо не се израдува на мене. Бидете искрени, завршува тој, и пазете ги основните закони на организацијата.

” Нов грмеж одекнува во опкружениот дом. Гледајќи ги четниците мртви,се пуштаат војниците директно со штиковите право на нив. Трогнат од хероизмот на четниците офицерот ги запира: “Назад! Никој да не ги допира самоубиените Комити.

Поклонете се пред тие херои,тие се бореа јуначки и како херои умреа за својата родина.” Така завршува херојскиот живот во с. Цер (Битолско) војводата Христо Узунов, раководител на II-от револуционерен округ.

Така умреја и достојните му другари – негови сопатници.”

Креирано од:


Пренеси го гласот