БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нашата татковина е Македонија! А Македонија е идеал!

Пренеси го гласот

Идеал кој што не е апстракт, туку сублимат од многу реални и конкретни вредности. Идеалот е човеково сваќање, комплекс од мисли, чувства, знаење, искуство, односи меѓу луѓето… Совршена форма на манифестација на човековото постоење како единка. Секој поединец кој што себеси се нарекува интимно, искрено и без никакви задршки како Македонец, ТОЈ е Македонија!

Македонскиот човек, поединец, кој врз основа на севкупните прилики достапни во современата цивилизациска поставеност во светот и на нашиот полуостров, знае дека е Македонец, тој е нераскинлив фрагмент од мозаикот наречен Македонија. И кога било кој Македонец ќе го поставиме во временскиот контекст на неговиот животен век тој го сочинува тој мозаик што со векови опстојува во рамки на нашата цивилизација.

Негирањето на Македонскиот идентитет сврстено низ процес на негово релативизирање преку терминолошка манипулација е последната закана пред која стоиме како Македонци. Многу е наивно, би рекол крајно игнорантски ако Македонскиот идентитет содржан во идеалот наречен Македонија го поистоветиме со одредена ограничена категорија на термини, флоскули или пак поединци во ограничен временски теснец пред континуитетот на историјата.

Нашата татковина не е само Македонскиот јазик… Јазикот е жива материја кој што се обликува и формира врз основа на човечка креација родена од интелектот, карактерот на Македонскиот човек на ова географско поднебје кое што се од памтивек нарекува Македонија. Колку поединци- толку карактери- толку идеи… И тоа е суштината на Македонизмот- СЛОБОДА ВО ПРАКТИЦИРАЊЕТО НА УМСТВЕНА КРЕАТИВНОСТ И ОСЛОБОДЕНА ВОЛЈА ЗА СОЗДАВАЊЕ.

Македонија како идеал во неговата најизворна форма е токму тоа: Слобода за човечка манифестација на слободна волја и креативност.

Доколку не би постоеле туѓите влијанија кои индоктринираат поделби, притисок,завист, омраза, трка по пари, богатства, материјализам…. Македонскиот идентитет како вредносен систем содржан во колективната меморија на Македонскиот народ би бил непресушен извор на инспирација за нов светски поредок кој би можел да доведе до општество близу божественост. Македонскиот народ е Божји народ. И тоа не е обична флоскула која сакам да ја апострофирам во намера да убедувам било кого во верска аналогија.

Кај нас Македонците има многу нешто што оние луѓе или општествени системи кои потекнуваат од различни географски простори, им е чудно т.е. несвојствено.

Македонското гостопримство како манифестирачки индикатор на битот на дел од Македонскиот идентитет за многумина “странци” не им е својствено туку чудно.

Кога “странец” доаѓа кај обичен Македонец кој што не е загаден од надворешни пропаганди, тој Македонец срцето ќе ви го стави на маса… Кај него нема затскривање зад искривена реалност, нема лицемерие и нема зли мисли… Само вистина и основна човечка промисла за неговото индивидуално восприемање на универзалните хуманистички вредности.

Таа “наивност” и искреност не е слабост, не е можност за контрола или злоупотреба… Таа карактеристика е составен дел од Македонскиот идентитет која заедно со севкупната лепеза на составни делови на Македонскиот идентитет создаваат совршено човечко битие (колку тоа и да звучи нереално). “Наивноста” и добродушноста на Македонецот во спрега со неговата примордијална мудрост вградени во неговиот ген, овозможувале низ регионалната историја поширок баланс на силите меѓу истокот и западот. Првата и Втората Светска Војна генерирале на Балканот. Македонизмот бил линијата на разграничување на тие катастрофални светски конфликти. И токму во Македонија и помеѓу носителите на слободарскиот дух кој генерира од тој Македонизмот започнувала победата на разумот над лудилото.

Имаме историска должност како Македонци да го негуваме и развиваме тој Македонизам кој што ќе значи разумност но и свесност за историските предизвици надвиснати над светската цивилизација. Македонија е папокот на светот токму тука започнува животот за идните генерации.

Сакам да верувам дека имаме света улога како денешна генерација Македонци пред лицето на иднината која од нас зависи како и во која насока ќе се развива.

Секоја деноминација на идеалот наречен Македонија е обид за рушење на етаблираниот Македонизам во светската историографија, а најтешко ми паѓаат неразбраните “удари” на случајните Македонци кои по потреба стануваат Македонци за да предизвикаат немир и поделби во Македонското битие.

Македонија значи неограничена слобода да се направи нешто добро во поширок контекст. Секој што мисли да ја задуши таа слобода за креација, не му мисли добро на човештвото и општествениот систем на планетарно ниво.

Креирано од:


Пренеси го гласот