БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Научниците тврдат дека започнувањето на работните обврски пред 10 часот се слични на тортурата

Пренеси го гласот

Научник од Универзитетот Оксфорд, д-р Пол Кели неодамна направил откритие кое веројатно влијае на повеќето од нас.

Тој ги испитал формите на модерната тортура и дознал дека будењето и одењето на работа пред 10 часот е најчестата од сите нив.

Тој смета дека секој има свој часовник, познат и како Циркаден ритам. Овој  часовник е програмиран и не може да се смени, па ако се присилиме да се будиме секој ден порано од нашите органи и мозок, а тие не се подготвени, тогаш се бориме со природниот часовник, а тоа има многу негативни ефекти врз нашето здравје.

Д-р Пол Кели верува дека недостатокот на сон е меѓународен проблем и како што е спомнато претходно, може да биде опасно за нашето здравје. На пример, почетокот на работните обврски  порано од 10 часот можат да предизвикаат лишување од сон и емоционален и физички стрес, што исто така може да доведе до уште поопасни здравствени ризици.

Тој ја тестирал својата теорија во едно училиште во Британија, каде што го сменил времето на започнување на часот од 8.30 во 10.00 часот. Откриле дека по одредено време, нивото на посетеност и општата продуктивност значително се подобруваат. Подобрувањето било забележано и во оценките на учениците.

Значи, зошто сеуште се мачиме?

bregalnickimarketing

Па, 8-часовите работни дена беа создадени на почетокот на 20 век за да се зголеми продуктивноста на работата. Тие не го сметаат часовникот на човечкото тело, кој природно сака да биде координиран со сончева светлина, а не со распоредот на шефовите. За жал, сѐ уште сме заглавени во стариот систем и не размислуваме за тоа што нашите тела природно  сакаат и за што имаат потреба.

Добивањето повеќе време за спиење значи дека нема повеќе премногу преработени или затруени луѓе со  енергетски пијалаци. Само е потребно да се  размисли за тоа.

Кога секој ќе го слуша своето тело и ќе се разбуди природно, неговата работа ќе биде многу попродуктивна и фокусирана, а работникот ќе биде исполнет во целост и со подобрена самодоверба.

Креирано од:


Пренеси го гласот