Проверка на факти:
Поранешен активист на ВМРО-ДПМНЕ прави партија Левица.
Поранешен функционер на СДСМ прави партија Десница.
Серија на мали вонпарламентарни партии очајно се обидуваат да заграбат гласови од некогашниот про-национален кампус кој овозможуваше Никола Груевски да се одржува на власт 10 години.
Граѓанскиот сектор е станат сиктер-сектор без трошка граѓанско кај нив соучесници на катастрофата во која осамнуваат граѓаните на нашата земја.
Синдикати никогаш и не постоеле, па и сега не е за очекување да се произнесат за решавање на актуелната општествена агонија.
Интелектуална елита -професорски пленум -типични полтрони и замолкнати кучиња со коска во уста или страв поради сопствена комоција, со исклучок на 2-3 истакнати професори од кои едниот е Љубомир Цуцуловски.Бизнис олигархија која три тотални апокалипси да се случат во Македонија-тие ќе преживеат.
Средношколци, студенти, млади целосно демотивирани за вклучување во актуелни општествени текови во Македонија кои бараат зрак светлина за да заминат во странство или да се зачленат во партијата на власт. Уништен образовен систем.
Целосно поткупени и контролирани медиуми со уредувачка политика подредена на ретроградност и бескрајно пропаѓање на општеството. Молк за најголемиот дел на процеси кои се случуваат надвор од делокругот на власта.
Работници кои се во егзистенцијална неизвесност секој нареден денСудство и правда нема!Законодавна власт нема!
Зоран Заев е најмоќниот човек во државата како власт и најодговорен за се што се случува во државата со целиот репресивен апарат во негови раце.
Странски фактори остваруваат свои геостратешки интереси во Македонија кои во најголема мера се различни од интересот на граѓаните на оваа држава.
Ние не сме држава.Ние во моментот сме вештачка творба која чека да биде распадната.
И не гледам кој ќе се спротивстави на тоа распаѓање.
ПУ! СТОПАНКАТА!

Пишува: Кирчо Анастасов