• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Свет
Европа

Никола Груевски продолжува да биде ноќна мора на актуелната власт во државата

февруари 21st, 2019 Европа, Свет коментари 420

Во врска со последните апсења кои актуелната власт во Република Мaкедонија ги спроведува врз поранешни и актуелни политички претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со свој коментар на фејсбук се јави поранешниот Претседател на оваа партија и експремиер на Република Македонија, Никола Груевски

Тој напиша:

Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.

Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.

Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.

Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.

Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.

За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.

Малку им е тоа.

Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.

Очигледно е дека оваа неспособна и недемократска марионетска влада нема друг начин како да ја покрие својата неспособност и своите чекори кои се штетни за државните и националните интереси на Македонија, својот криминал, непотизам и корупција на секој чекор, па мора тоа постојано да го прави преку неправедни осомничувања, обвинувања, судења и затворања на политичките неистомисленици. Преку лажни спектакли и процеси кои еден ден ќе бидат нивни срам и страв од казна за ова нивно злодело, а дотогаш наша голгота.

По којзнае кој пат ќе повторам.

Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена.

Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.

Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај.

Многу би сакал да ги видам доказите за нешто што не само што не сум го сторил, туку гледајќи како власта го иритира народот, сум стравувал некој друг во такви околности да не го стори тоа, а целата вина и целата негатива да падне на грбот на ВМРО и нејзините членови и функционери.

Сакам јавно да слушнам како тоа од позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум можел да влијаам на министерот Нухиу (кого мислам дека не го ни запознав лично а како министер бил прв одговорен за редот и мирот во земјата во која главен настан беа протестите и тензиите во и пред парламентот), или на било кој друг функционер од МВР, во правец како што пишува во соопштението на ОЈО да се намалеле полициските сили пред Парламентот.

Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено.

Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе…,, или ,,истрагата е тајна…,, и слични празни флоскули. Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и неможе наводните докази да бидат само во вашите фиоки.

Кога знаете после скоро две години од настан за кој непрекинато се зборува во јавноста и за кој дел од осомничените ги каневте на распит, што значи знаеја дека се опфатени во предистрага, да ги притворате за да не влијаеле на сведоци или да не избегале, како божем досега во цели две години да неможеле, тогаш треба јавно да ги покажете и доказите.

За мене знам дека ги немате. А верувам дека и за останатите немате нешто што може да се нарече доказ. Ако е доволно некој да го обвинете само затоа што подржувал мирни протести, тогаш имате причина да ги уапсите сите политичари во земјата, бидејќи сите некогаш подржувале некои мирни протести, но и речиси цел народ бидејќи најголем дел од народот во различни времиња или околности подржувале некои мирни протести за една или друга работа.

Но, ако обвинувате некого за организирање упад во парламентот и физичка пресметка на пратеници и уште тоа го нарекувате тероризам и барате казна од најмалку 10 години затвор, тогаш за тоа се потребни цврсти, недвосмислени и силни докази и секако нивно јавно презентирање.

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Фантастични филмски премиери кои не треба да ги пропуштите оваа 2019 та година
Следна објава Ајмо звиждаљќе"! Или сега не е време?
Може да Ве интересира:
Во 1950 година кралот на рок енд ролот беше јавно вакциниран пред камери со што помогна да се искорени полиото
Свет

Во 1950 година кралот на рок енд ролот беше јавно вакциниран пред камери со што помогна да се искорени полиото

јануари 13th, 2021 76
Амбасадорката Кејт Мари Брнз со своја реакција за упадот во Капитол салата во Вашингтон
Свет

Амбасадорката Кејт Мари Брнз со своја реакција за упадот во Капитол салата во Вашингтон

јануари 8th, 2021 106
Македонското шеснаесеткрако сонце го краси плафонот на Виенската скала
Европа

Македонското шеснаесеткрако сонце го краси плафонот на Виенската скала

јануари 1st, 2021 1806
Повелба за неменување на името Македонска православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) како црква на македонскиот народ упатена од страна на Македонската дијаспора ширум светот
Свет

Повелба за неменување на името Македонска православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) како црква на македонскиот народ упатена од страна на Македонската дијаспора ширум светот

декември 23rd, 2020 527
Македонската Дијаспора со светски проглас бара неменливост на името Македонија и целосна заштита на Македонските национални интереси
Свет

Македонската Дијаспора со светски проглас бара неменливост на името Македонија и целосна заштита на Македонските национални интереси

декември 23rd, 2020 1594
Македонците од Германија му порачаа на Зоран Заев да замине од премиерската фотелја
Европа

Македонците од Германија му порачаа на Зоран Заев да замине од премиерската фотелја

декември 13th, 2020 544
Македонската Заедница од Обединетото Кралство строго ги осудува обидите на Софија за денационализација на Македонците
Европа

Македонската Заедница од Обединетото Кралство строго ги осудува обидите на Софија за денационализација на Македонците

декември 6th, 2020 695
Соопштение на Координативното тело на Македонците во светот: АПЕЛ за обединување на Македонците
Свет

Соопштение на Координативното тело на Македонците во светот: АПЕЛ за обединување на Македонците

декември 2nd, 2020 345
Македонците во Германија преку протест ќе му порачаат на Заев: ДОСТА Е!
Европа

Македонците во Германија преку протест ќе му порачаат на Заев: ДОСТА Е!

декември 1st, 2020 296
Facebook Comments
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

300
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

1419
Најнови објави
Јан 17th 10:49 AM
Глас од истокот

Кампањата “Курто-Мурто” или “Сите се исти” е најскапата пропаганда која ја води власта за пасивизација на граѓаните да не излегуваат на избори

Јан 16th 4:15 PM
Став

Крум Николовски: ЗНАМИЊА, ЗНАМЕНЦА И НИВНАТА (ЗЛО)УПОТРЕБА

Јан 16th 4:02 PM
Став

Втор случај на бламажа на Шеќеринска со номинацијата на претставник во НАТО. Министерката молчи за скандалот како ној со главата во песок

Јан 16th 3:35 PM
Политика

Како Коста Петров троши 200 000 евра за себепромоција во услови на општа криза и немаштија

Јан 16th 3:26 PM
Твитеризам

Ајде и на Македонски јазик: -Чекајки ги милион дозите на вакцини од Пекинг

Јан 16th 3:05 PM
Регион

Карпи како туристичка атракција на “патот на стравот” за привлекување на странски инвестиции во Делчево

Јан 16th 2:51 PM
Глас од истокот

Обединување на Македонските граѓани околу ВМРО-ДПМНЕ за што е можно побрз пад на владата на Зоран Заев

Јан 16th 1:17 PM
Политика

На кој начин власта го оштетува Македонскиот народ преку несоодветно трошење на буџетските народни пари?

Јан 15th 9:36 PM
Политика

Зоран Заев ветил дека ќе ја наштелува бројката на албанци над 32% на планираниот попис

Јан 15th 3:37 PM
Македонија

Амбасадата на САД во Скопје ја честиташе Стара Нова година

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Ковачки: Како може Шеќеринска цело време да лаже и притоа да не чувствува никаква одговорност?
Став

Ковачки: Како може Шеќеринска цело време да лаже и притоа да не чувствува никаква одговорност?

Јан 15th, 2021 451
Обединување на Македонските граѓани околу ВМРО-ДПМНЕ за што е можно побрз пад на владата на Зоран Заев
Глас од истокот

Обединување на Македонските граѓани околу ВМРО-ДПМНЕ за што е можно побрз пад на владата на Зоран Заев

Јан 16th, 2021415
Исамедин Азизи како нов член на историската комисија ќе преговара за Македонските идентитетски прашања со Бугарија
Политика

Исамедин Азизи како нов член на историската комисија ќе преговара за Македонските идентитетски прашања со Бугарија

Јан 12th, 2021412
Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта
Институции

Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта

Јан 13th, 2021328
Ќе се извини ли "кралот на лажни вести" Зоран Заев пред Македонската јавност за лагата дека немало Анекс на договорот со Бугарија?
Политика

Ќе се извини ли "кралот на лажни вести" Зоран Заев пред Македонската јавност за лагата дека немало Анекс на договорот со Бугарија?

Јан 10th, 2021219
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
22-03-2018-1521721413
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-13
burning man fest 085
received 672495559867354
glamour 048
Monica Bellucci 75
burning man fest 030
58779033 1370908053034409 1352114575897526272 n
Monica Bellucci 14
glamour 017
graduates2018-2
37513811012 22b9431c6a o
5-63
Bianca Van Damme04
burning man 2017 13
glamour 040
floor jansen 23
12-11-2015-1447338232
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.