БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Компанијата Костал е прва која се согласи да плаќа корпоративен данок од 15 %. Парите од данокот остануваат во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прва компнија која се согласи да го плаќа корпоративниот данок од 15 проценти е компанијата Костал. И ова решение веќе помина на Комисијата за економски систем при Владата, истакна денеска во Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Оваа законско решение ќе значи дека сите пари ќе останат во Македонија, ќе значи нови работни места, зголемен девизен прилив и економски раст, додаде вицепремиерот Николоски.

“ Сакам да се заблагодарам за општествената одговорност што ја има компнијата. Во понеделникот на Комисиjaта за економски систем и тековна економска политика што ја предводам во рамки на Владата, можам слободно да ги пофалам, Костал е првата компанија која се согласи глобалниот корпоративен данок да го плаќа тука во Македонија. Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се равива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата. Владата е партнер на компаниите”- изјави вицепремиерот Николоски.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој денеска присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика во рамки на Групацијата Костал, каде што истакна дека ова е одлична можност за вклучување на домашните мали и средни компании.

“ Mислaм дека овој состанок е голема шанса за многу македонски мали и средни компании кои што можат да се вклучат во ланецот на снабдување на Групацијата Костел, што значи отворање на дополнителни работни места, стимулирање на семејните бизниси, стимулирање на малите и средни бизниси и тоа може да значи потенцијално уште поголем економски развој. Ние заедно со тимот на Костал разговараме и за проширување на инвестициите, што беше спомнато и од раководството. Тука сме да помогнеме со сето она што може да го направиме” -додаде вицепремиерот Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace