БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски со порака помеѓу нашинците во Швајцарија

Пренеси го гласот

Изминатите два дена висока партиска делегација предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е во работна посета на нашинците во Швајцарија.

Заедно со Потпретседателот Александар Николоски и пратеникот Драган Ковачки во повеќе градови имаат средби со Македонската Дијаспора и со членови на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ од повеќе земји од Европа.

Денеска во врска со оваа работна агенда своја изјава за јавноста даде потпретседателот Николоски кој ја истакна потребата за создавање на посилни врски на Македонската дијаспора со Република Македонија.

“Имаме еден интензивен викенд на средби со сите оние кои што сакаат да не сретнат да поразговараме. Имавме средби со претставниците на задграничните комитети од повеќе држави на кои што поразговаравме организациски во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори. Потоа бевме во Лозана каде што поразговаравме со нашите луѓе таму. Проблемите кои што ги мачат се истите оние кои што се и дома, затоа што нашите луѓе тука често доаѓаат дома, поминуваат дел од своето време во Македонија и ги гледаат проблемите на секојдневна основа.

Така што, без разлика дали зборуваме за високото ниво на криминал и корупција кое што владее во Македонија или лошата состојба во економијата, состојбите во образованието кои што се далеку од добри, дрогата која што царува на македонските улици помеѓу македонските деца, затоа што е нешто што ги загрижува и нашите луѓе, тука во Швајцарија. Така што маките се исти, дилемите се исти, проблемите се исти, решенијата се битни. А, ние презентиравме дел од нашите гледишта кои што ќе бидат дел од нашата програма во следниот период, а се надевам после осми мај и дел од работата на владата.

Не смееме да дозволиме повеќе Македонија да е држава во која економијата тоне, а корупцијата цвета. Мора да направиме една убава успешна приказна пред се со директен удар на корупцијата со воспоставување на функционален систем на владеење на правото и со кревање на економијата за да можеме да имаме еден попристоен живот, да бидат луѓето горди што се Македонци, што потекнуваат од Македонија и да има една економска благосостојба да сите имаат еден подобар живот.

Така што тоа е она што го видовме тука исто како што кажав целосно се поклопува со нашите гледишта дома, имаме доста планови споменавме за едно координативно тело кое мислиме дека треба да се формира од новата Влада на Македонија во која би влегле Министерот за внатрешни работи, Министерот за труд и социјала, Министерот за надворешни работи како координатор, понатака Министерот за здравство, Министерот за образование со цел на едно место да се даваат одговори на сите прашања кои ги имаат нашите луѓе од дијаспората, дали се работи за испраќање на учители по македонски јазик, користење на пензиите, право на здравствена заштита, издавање на лични документи со кои оваа ненародна власт целосно потфрли, сето тоа да се решава на едно место и последно што морам да го кажам е што тука гледаме на дело како изгледа двојното понижување на Македонецот, Заев и Димитров го понижија со потпишувањето на срамниот Преспански договор кога се промени името на Македонија и сега втор пат го понижуваат со тоа што мора да вадат нови пасоши со новото понижувачко име, во услови кога имаат важечки документи.

bregalnickimarketing

Значи ние практично си ги отфрламе нашите луѓе им велиме не може да се вратите дома во Македонија затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата. Тоа е двојно понижување кое СДС му го направи на македонскиот народ и против кое ќе се бориме против 8-ми мај.”

-рече Николоски во врска со оваа посета.

Креирано од:


Пренеси го гласот