БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николовски ветува 1.35 милјарда евра за земјоделците, Трипуновски му порача да ги доисплатат заостанатите за 2020, 2021, 2022 и 2023 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната конвенција на СДСМ за промоција на кандидатите за пратеници на листите за претстојните парламентарни избори свое обраќање имаше актуелниот министер за земјоделие Љупчо Николовски. Тој пред присутните членови на СДСМ и пред целата Македонска јавност најави 1.35 милјарда евра субвенции за земјоделците во наредниот 4 годишен мандат доколку ја добијат власта од граѓаните на изборите.

“Даваме збор за историски највисока финансиска поддршка во земјоделството. Во следните 4 години вложуваме една милијарда и триста педесет милиони евра за субвенции и за инвестиции во модернизација. 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат,”

-рече коносителот во ИЕ 3 и министер за земјоделство, Љупчо Николовски на денешната презентација на програмата за европска иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На ваквата најава со свој краток коментар во јавноста се обрати Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој што му порача најпрво да ги исплатат заостанатите субвенции за земјоделците за минатите 4 години, па дури потоа да ведува вакви нереални ветувања.

“Николовски, прво доисплатете ги субвенциите што ги должите за 2020, 2021, 2022, 2023 година па после давај вакви нереални ветувања!
Прочитани сте како стар буквар!”

-напиша на фејсбук дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цевтан Трипуновски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace