БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов концепт за превенција и заштита од пожари: Ангажирање на 400 лица во системот на државата за заштита и спасување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Владата портпаролката Марија Митева заедно со Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и Извршната Директорката на ЗЕЛЗ Душица Перишиќ во јавноста зборуваа за новиот концепт на државата за заштита и спасување кој што во основа подразбира делување на државата и целиот систем за заштита и спасување на терен пред да се случат пожарите и подготовка за брзовремено реагирање на појавата на потенцијални опасности од пожар на територијата на цела држава.

“Денес, со особена одговорност имам за цел да зборувам за новата мерка на Владата која е опфатена со оперативниот план за вработување: „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“. Ова е програма која се спроведува за прв пат во нашата држава.

Со оваа мерка, како држава правиме исклучително значаен исчекор- од реактивна кон проактивна политика во областа на заштитата од пожари и зачувување на животната средина. Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откако штетите се веќе направени, денес започнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица, кои ќе бидат ангажирани во јавни работи со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари. Сакам да потенцирам дека секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари. Исто така, важно е да нагласиме дека сите оние кои ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите кои се надлежни за оваа работа. 

Оваа мерка има двоен ефект- социјален и еколошки.

Од една страна, обезбедуваме приход и вклучување на невработени лица, со што даваме конкретна поддршка на ранливи категории граѓани, односно на невработени. Од друга страна, создадовме функционален и одржлив систем на заштита од пожари, кој е предвидено да опфати 14 општини низ државата- општини каде имаме територијални противпожарни единици.

Пријавувањето ќе се одвива транспарентно преку Јавен повик, кој ќе биде објавен од страна на општините. Секое лице кое што се чувствува подготвено и мотивирано да даде придонес во оваа заедничка мисија, ќе може да аплицира со поднесување на пријава и апликација. Локалните самоуправи во овој случај ќе имаат активна улога во спроведувањето, затоа што борбата против пожарите е одговорност што ја споделуваме- од централно, до најлокално ниво.

Дозволете ми да нагласам уште неколку работи:

Како Влада на оваа мерка гледаме како на нов пристап. Ново сфаќање на јавниот интерес, на навремена интервенција, на државата која е присутна пред, а не по катастрофата. Пожарите, кои претставуваа хроничен проблем со долгорочни последици, особено за руралните и шумските подрачја, повеќе нема да бидат нешто што како Влада пасивно го очекуваме- туку нешто за што активно се подготвуваме да го спречиме.

Ги повикуваме сите граѓани, особено оние кои бараат можност да придонесат кон општото добро и да стекнат корисно работно искуство, да се пријават преку своите општини. Нивната улога ќе биде клучна. Секоја расчистена патека, секој спасен човечки живот- ќе биде доказ дека оваа мерка е мерка која прави разлика.”

-информираше на прес конференцијата портпаролката на Владата Марија Митева. Во продолжение на прес конференцијата зборуваа и Стојанче Ангелов и Душица Перишиќ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace