Со графичка визуелизација за новиот изглед на спортскиот центар во општина Македонска Каменица, градоначалникот Атанасовски ја најави целосната трансформација на градот во една од најмодерните урбани населби во државата.
Кон крајот на минатата недела беше потпишана одлука за јавна набавка за изградба на нова атлетска патека со трибини, нови терени за ракомет и мал фудбал, одбојка и кошарка.
На тој начин веќе амортизираното и застарено “Помоѓно игралиште” во Македонска Каменица ќе добие целосно нов лик на мултифункционален спортски центар не само за жителите на општината.
“Ветив дека нашиот град ќе добие ултрамодерен лик и затоа вечерва, со огромно задоволство го најавувам почетокот на реализација на најубавиот спортски комплекс во Македонија.
Денес потпишав Одлука за јавна набавка за изградба на атлетска патека со трибини за 80 луѓе на помошниот стадион, изградба на терени за ракомет и мал фудбал, одбојка и кошарка. Со години заборавеното “Помошно” ќе добие нов урбан лик и ќе биде почеток на целосна модернизација на нашата општина која ќе се случи во наредните две-три години.
Очекувам дека овој проект ќе биде завршен до крајот на септември и дека заедно со доизградениот кеј на река Каменичка на кој во моментов се поставува ново осветлување ќе биде простор за спорт и рекреација на сите наши жители.
Продолжуваме одговорно и посветено во градењето на најмодерниот македонски град.”
-соопшти Димче Атанасовски- градоначалник на општина Македонска Каменица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”