„Со Изборната програма 2017-2021 предвидуваме изградба на нова административна зграда согласно потребите за современа, брза и ефикасна општинска администрација.
Сегашниот објект кај што е сместена општинската администрација – „Домот на рудари“ ќе биде преадаптиран во мултифункционален објект. Сопствени простории ќе добијат пензионерите од Македонска Каменица, а дел од зградата ќе биде пренаменет во живеалишта за социјално загрозени категории граѓани, самохрани родители, млади брачни парови“, рече на денешната прес конференција кандидатот и досегашен градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Дарко Митевски