Практикувањето на мерки и активности од делокругот на работа на локалните претпријатија во Република Македонија во делот на подобрување на политиките за добро владеење и подигање на нивото на демократија е релативно нов начин за функционирање на локалните власти. Многу се ретки во минатото примерите кога граѓаните учествуваат директно во креирањето на решенија кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на живеење во делот на животната средина во делокругот на работа на комуналните претпријатија.
Еден таков проект кој што го спроведува Јавното Претпријатие “Исар” од Штип е примарната селекција на отпад кој што се очекува да заживее масовно помеѓу жителите на Штип. Токму поради таа причина селекцијата на отпад која што планира да ја воведе ова јавно претпријатие се третира на соодветен демократски начин со директна комуникација со граѓаните кои би требало да бидат составен дел од овој процес за подобрување на квалитетот за живот преку зачувување на животната средина.
Во изминатиот период волонтери за потребите на ЈП “Исар” Штип спроведоа теренска анкета помеѓи граѓаните на општината преку која се добија соодветни заклучоци по кои што ќе постапува претпријатието.
“ЈП Исар претходната и оваа недела изврши анкетирање на жителите во населбата 8ми Ноември. Анкетата беше поврзана со примарна селекција на отпад во оваа населба како пилот проект на територија на Општина Штип. Со ова оваа населба и Општина Штип треба да стане прва Општина во Македонија каде ќе се применува селекција и фрлање на отпадот во посебни контенјери Хартија, Пластика, Стакло разделени од Комуналниот отпад.
95,5% од граѓаните на населбата 8ми Ноември се за примарна селекција на отпадот.
Најголем дел од граѓаните се за исфрлање на сметот во утринските часови од 06:00h до 08:00h.
Почетокот на оваа акција е од месец февруари.
Во продолжение дел од сумираните податоци од анкетата како и самата анкета.”
-стои во соопштението упатено до јавноста во врска со овие активности на ЈП “Исар” Штип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична против штипјанец кој незаконски изведувал огномети на подрачјето на Штип
Жител на Пехчево го запалил возилото на свој сограѓанин
Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол