Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал “Јаков од Камена река” кој што се одржува во Македонска Каменица го објави конкурсот за учесници за избор на најубавиот кириличен испис со краснопис на Македонски јазик.
Заинтересираните кандидати кои што имаат интерес да се пријават на овој конкурс треба да достават до комисијата на фестивалот свој кус текст, стихови, поговорки и останати зборовни и реченични целини со краснописни букви напишани со краснописен прибор на хартија во А4 формат.
Вака испишаните зборовни и реченични целини треба да се достават на официјалниот е-мејл на фестивалот jakovfestival@gmail.com во .pdf или .jpeg формат со назнака “За конкурс за краснопис” најдоцна до 31 октомври оваа година.
Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ во Македонска Каменица е уникатен културен настан кој што од своето појавување до денес го предизвика вниманието на многу Македонисти и љубители на Македонскиот пишан збор а од година во година неговиот развој се движи по нагорна линија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип